Пет дена не излегов од ве-це, но ја постигнав целта

0

Во денешното бгрзо време, исхраната кај многумина е неконтролирана, се јаде „од нога“ и најчесто брза храна. Како последица на таквите навики, најчесто се соочуваме со вишок килограми, мо и заболувања кои таквиот начин на живот најчесто ги носи.

Фрутаријанeц е некој што има исхрана само со овошје. Тоа е само една од многуте други форми на вегетаријанството што неодамна привлече големо внимание поради неговите ветувачки резултати и големата промоција на влијателните ин-флуенсери по разните социјал-ни мрежи.

Фрутаријанството всушност е исхрана која се базира исклучиво само на овошни плодови. Без зеленчук, без житарици, без скроб, без преработена храна, само и исклучиво свежо овошје.

Аманда Монтел, блогерка и новинарка од Лос Анџелес решила во својата потрага по здрав живот да им даде шанса на фрутаријанците. Таа вели дека пет дена јадела исклучиво само овошје.

Аманда Монтел цели пет дена била на ваква исхрана, од една едноставна причина: затоа што била многу љубопитна во врска со овој принцип и неговото дејство, а од друга страна, бидејќи сметала дека е време нејзиното тело да го прочисти и обнови, според ветувачките ефекти кои ги нудела оваа исхрана.

Постојат многу причини зошто некој би се одлучил да ја промени својата исхрана. Еден фрутаријанец обично продолжува со ваквиот начин на живеење за да ги избегне протеините од животинско потекло.

Природно да го деток-сицира своето тело, да го намали внесот на калории, да ги зголеми влакната, па дури и да се ослободи од потребата за готвење. Реално говорејќи, со ваквиот стил на исхрана не треба воопшто да поминувате време во кујната.

Монтел веќе ионака била вегетаријанец, па се нафатила да го спроведе овој екс-перимент. Не сакала многу да осла-бе, меѓутоа сакала да го испроба овој стил и на тој начин да внесе повеќе овошје во својата исхрана, кое инаку не го претендирала премногу.

Монтел строго се придржувала кон исхраната, и со оглед на тоа што мра-зела да готви и да поминува часови во кујната приготвувајќи храна, ова и се видело совршено за нејзиниот карактер. Го испробала овошјето во најразлични форми: како салата, во смути, па дури јадела и суво овошје.

Овошјето обично содржи многу малку калории, а богато е со многу диетални влакна што обезбедува подолг период да се чувствувате сити. Меѓутоа, овој начин на исхрана поттикнува позачестена перисталтика на цревата и често празнење на цревата.

Монтел успеала да го заврши својот експе-римент за пет дена, но признава дека особено навечер се чувствувала гладно и едвај се воздржувала да не посегне по некои грицки. После овие пет дена таа се чувствувала како изди-шано, немала никакви отоци, стомакот и се израмнил како даска и била преполна со енергија.

Сепак, таа не го препорачува овој стил на исхрана на подолг рок, бидејќи исхраната е реду-цирана и преку неа не ги внесувате сите потребни витамини и минерали што му се неопходни на организмот.

Таа смета дека за да биде здрав еден организам потребно е да ги внесува сите групи на храна. Фрутаријанството е оправдано само ако се спроведува неколку дена со цел да се прочис-ти организмот. Еве го целосно нејзиното искуство:

ПРВИОТ ДЕН НЕЈЗИНОТО МЕНИ ИЗГЛЕДАЛО ВАКА:

Појадок: смути од три банани, боровинки, урми и кокосово млеко. Ужина: еден грст суви кајсии. Ручек: Две огромни чинии овошна салата (банани, грозје и бобинки) Ужина: грст суви смокви.

Вечера: Голема чинија сечкано авокадо, краставица, домати, прелиено со малку маслиново масло, лимон. Десерт: кесичка бадеми.

Сите денови ми беа слични, па нема потреба да ви го покажувам деталниот план за секој ден. Она што го забележав е дека сите ме прашуваа 2 прашања

-„Зар не у-ми раш од глад?“ и -„Колку пати денес беше во тоалет?“

И на двете прашања им одговарав со: „Всушност не сум гладна“ и „Многупати. Повеќе отколку што сакам да признам.“

Гладта навистина не е проблем, верувале вие или не. Оваа моја диета не ја ограничува величината на порцијата. А две чинии овошје е, верувајте ми, количина храна од која ќе пук-нете. Што се однесува до калориите, реално, толку калории има и парче пица, а од едно парче пица никој не се заситил.

Навечер беше периодот кога чувствував глад, особено кога ќе останев до доцна во ноќта. Она што е вистина, е дека практично живеам во тоалет, бидејќи овошјето е преполно со влакна и вода. Ми се чини дека сè „протрчува“ низ мене, и стомакот по цел ден ми врие. Но, затоа пак сега стомакот порамен не ми бил никогаш.

Она што и порано го знаев, а не го почитував, а тоа е дека овошјето е неопходно во исхраната. Секако нема шанси да јадам само овошје, тоа не е ни здраво ни препорачливо, но оттогаш, кога и да огладнам помеѓу оброците, земам овошје наместо чипс. Ако знам дека треба да одам на некоја прослава и ми треба супер рамен стомак, се враќам на петдневната фрутаријанска диета.

Претходна статијаФилипче и Пановски се изјаснија околу прашањето дали и во иднина ќе се носат маски на отворено
Следна статијаД-р Нико Беќаровски: Кои се шансите да ви се случи нешто при имунизација