Тијана Дапчевиќ, скопјанката која долги години живее во Белград е сестран уметник. Таа е пејачка, виолончелист и актерка.
Има глумено во неколку српски претстави, а нашата публика во нејзиниот актерски талент се увери откако ја виде во улога на Германката Ула во „Преспав“.
Тијана веќе 20 години е во складен брак со сопругот Милан Дапчевиќ, и се родители на синот Вук кој има 12 години и е музички талентиран на мајка му.
Таа во последно време често објавува колку ужива во готвењето.
Тијана се пофали со своите вештини во кујната во шоуто „Гранд магазин“, но го коментираше и Јутјуб каналот на нејзината колешка Марија Шерифовиќ.
– Ништо не ми се допаѓаше за време на оваа пандемија, но се посветив на правење различни јадења, тоа го правев како занимација – рече пејачката.
Тијана потоа се осврна на новата „професија“ на нејзината колешка Марија Шерифовиќ, која започна да снима популарни влогови на Јутјуб, во која покажува како ги поминува своите денови.
– Мара нека си се држи до микрофонот“ , рече Тијана низ смеа и додаде: „Марија е уметник, музичар, пејачка и никогаш нема да биде влогер, тоа е само момент на креативност“, искоиментира Тијана За Шерифовиќ.
Таа ретко споделува слики од сопругот Милан, а неодамна откри и зошто е тоа така. Мил мој Дапче воопшто не сака да се слика, и секогаш едвај го уловувам за фотка. Сега успеав.
„Мојата карпа, и ветар во грб веќе 20 годинки. Баџица е надвор од контрола, затоа е матен, напиша Тијана која е пријателка со пејачката Славица Ќуктераш.
Пејачката во студиото на порталот „Србија Данас“ расговараше на бројни теми, за нејзината работа и за приватниот живот.
Поминаа скоро две години од крајот на бракот на Славица со фудбалерот Владимир Аврамов, а Славица открива дали е подготвена за нова љубов.
Таа зборуваше и за тоа со какви неп ристојни понуди редовно се среќава. „Постојано велам дека Влада и јас сме во добри односи, како што и сме. Сè е во ред.
Не сме заедно, тоа не е во ред“, изјавила низ смеење Славица.
Тијана објави интересно стори од Славица, во кое таа си игра на детско игралиште. Изгледа дека Тијана и Славица се забавуаат како во времето на младешките денови и уживаат во времето поминато заедно.
Фото: Инстаграм принтскрин