Игор Пачемски-Џоунс е дизајнер на долна облека со интернационална кариера. Тој во 2019 стана дел од тимот на луксузниот американски моден бренд „Ралф Лорен“.
– Работам на 2 нови колекции на „Ралф Лорен“ кои ќе се лансираат допрва и не можам ништо да зборувам за нив, исто така работам и на линиите на „Поло“ и на „Лорен бај Ралф Лорен“.
Колекциите се изработуваат по лиценца со гигантот за костуми за капење „Менхетен бичвеар“ под чиј надзор се произведува „Кенет Кол“, и сите колекции на „Лорен“.
Мојата работа е да сум креативен директор на колекциите и да им дадам европска визија и квалитет. Работам помеѓу канцелариите на РЛ во Њујорк и канцелариите на „Менхетен бичвеар“ во Лос Анџелес, откри ексклузивно за „Независен весник“ Пачемски, без сомнение најзначајниот и најквалитетниот македонски дизајнер на долна облека во светски рамки, раскажа во една прилика за Независен, Пачемски.
Денес нашиот бизнисмен и добротвор Трифун Костовски, објави колумна, интересна сторија за животниот пат на Игор Пачемски:
ЛУЃЕ ЗА КАКВА ДРЖАВА БЕВ ВОСПИТУВАН: Пишува Игор Пачемски
-Дали е ментален „Фотошоп“ или нешто друго, но не можам да ги избришам сеќавањата од посетите на „Краш“, каролините на мерење, купување Јумко и Јутранка во Беко, гордоста на Олимписките игри во Сараево, Вучко, Заги од универзијадата во Загреб 1987, Олимписките игри во Сеул, сребрата на Стојна Вангеловска и Шабан Трстена.
Горењето од возбуда за екскурзијата низ Југославија и одеднаш во -јна, ст рав. Слушање на радио во автобус после скијање на Татрите дека во Вуковар имало етнички немири. Одеднаш се за кое бев воспитуван престана да важи.
Лествицата веќе не беше качена толку високо. Дете на двајца Загребски дипломци, со роднини од Вардара па до Триглава, децентни интелектуалци, како сторжер на екс-ЈУ високата средна класа, се најдовме во ќорсокак. Југобанка ги голтна нашите заштеди.
Се најдовме во ситуација каде што платите од неколку илјади германски марки, станаа плати од сто или двеста марки. Се сеќавам дека седев на клупа до Трговски кога додека се пу -каше од другата страна на Вардар, јас и една моја соученичка отидовме во Мусандра на јуниор (секако дека беше затворено).
Немав можност да живеам долго во независна Македонија. Стипендија од Headmaster’s Conference, која во Македонија беше сврзана со Сорос (Џорџ Сорос плаќаше авионски билети и џепарлак од 500 фунти годишно) доста брзо ме одведе во Англија.
Uppingham, елитен колеџ во кој се едуцирале Stephen Fry, Christian Bale, David Suchet, колеџ во кој Hugh Jackman бил тутор по драма, со своите Елизабетански почетоци, полна со традиција, помпа, протокол, процес и се она што екс- ЈУ не учеше дека е непотребно (и донекаде била во право). На еден екс-ЈУ фундамент, беше направена доградба на Англиски пош.
Го изгубив странскиот акцент, за секунди влегов во улогата на млад џентлмен. Дали играв улоги или вистински станав таков, до ден денес не знам. Знам да нарачам Grand Premiere Cru вино, научив и Француски, имам Хермес акесоари, знам да обдерам твид, Лондон ми е дома. Но секогаш, секогаш бев различен.
Бев израснат со Југословенски пасош, а потоа ја имав кл етвата што се вика Македонски пасош. Како хомосексуалец кој би зарно е воспитан со инсистирање на децентност (контрадикција) не можам да влезам во лажен брак за документи. Тој свет беше за келнери и дадилки.
Јас бев келнер еден месец и кариерата ми заврши со ставање на чинија на под и кажување на безобразна клиентка: ЈАДИ!
Graham McQueen ми стана првиот животен партнер. Нашиот стан во Челси беше возбудлив. Грахам немаше брава. Ја клоцаше влезната врата да влезе дома. Беше дизајнер на кондури. Работеше деконструкција на текстил на филм. Покрај него гледав што значи да се снима Sleepy Hollow, Gladiator, Shakespeare in Love, Band of Brothers.
За да студирам во Лондон, се префрлив од Leicester University, од чиста хемија, на квантна хемија во UCL. Визата ми истече. Како трансфер студент, никој не ми провери документи. Зошто тоа и би го направиле? Кој би се сомневал во имиграцискиот статус на момчето во Прада пантолони и совршен англиски?
Грахам ја сакаше мојата др ска страна. Мојата пре вара. Живеев во центар на Лондон, градев енормна кариера во мода паралелно на квантна хемија, би зарно, без да можам да патувам. Менував работи, измислував болести кога требаше да се патува.
Доста пати мајка ми имаше излив. Или ми ум -ираа баби. Така го пропуштив и пог -ребот на татко ми. Но имав Vivenne Westwood џемпери и кариера. Колку чудно тоа изгледа од точката на гледиште што ја дава мојот стан на Партизанска.
Грахам престана да работи. Се пропи. Ум -ре како алк охол-ичар. Го гледав до последно. Работев за Лондонска Модна Недела (без виза). Трчав во болници.
Чекалната на Chelsea&Westminster ми стана секојденвие. Грахам се упокои на 27-ми декември. Јас се вратив на работа на 4-ти јануари. Со еден покер face трениран од години паралелен живот. Погр -ебот беше дури на 17-ти јануари. Станот не можев да го наследам.
Како Југословенските републики и јас решив дека ќе бидам Феникс. Дека и да ме срушат, а ме срушиле и неколку пати после тоа, повторно ќе се реинкарнирам.
Се вратив на Балкан во 2014 година. Во соседна Бугарија. Белград, New York, Los Angeles и Hawaii ми дозволија да поминам 6 години во таа уж асна земја. Погледот од канцелариите на Ralph Lauren.
Во Скопје изгреав на 14-ти јули 2020, во мојот дом. Родниот беше продаден да се школувам. Дојден со идеја да почнам од нула по мои правила. Ковидот се обиде да ми ги замрси конците. И за малку му успеа.
Почнав од нула. Од Македонија остварив соработка со култниот Американски ланец на продавници Anthropologie, работам со Liberty, каде што работеле Archibald Knox, William Morris, Aubrey Beardsley. Мојата марка Noblesse Oblige беше избрана меѓу 40 што во Париз ќе бидат преместени од саемот за долна облека во саемот за мода. За првпат во историјата. Македонска марка! ЗАМИСЛЕТЕ!
И, што научив од сево ова, освен како да патувам бизнис, како да трошам пари, како без марама од 500 евра се чувствуавам гол (толку плитко од мене!).
Научив дека бев воспитан за држава што не постои. На 14 години гледав како мојата иднина пропаѓа. Како Esplanade и Москва И Pucic Palace И Excelcior стануваат статуи на Прометеј во гаќи и Ја излези Ѓурѓо.
Сепак, гледам дека сум воспитан за една држава што се уште живее во мене и по чии правила ќе играм. И држава во чиј контекст и низ чија призма го гледам апексот на Македонија. Но, по ново. Мисли глобално, делувај локално. Така и јас.
Понекогаш се прашувам што ќе беше ако станев академик. Или ако немав храброст да егзистирам во епицентарот на Лондон како илегален имигрант во Прада. Или ако Грахам не ме однесе во Coco de Mer, каде што станав комерцијален директор. Не знам.
Можеби ѓаволот пак ќе ме најдеше. Само едно знам. И во најголемите кризи, “у се и у своје кљусе”. Образование, принципи, децентост, искреност се вредности кои не избледуваат без разлика на географска ширина.
Фото: Илустрација