Научив да менувам пелени и да ја бањам ќерка ми, Маријан Стојановски откри каков татко е

0

Маријан Стојаноски е еден од најинтересните ликови на домашната естрада, пејач кој е познат по својот добар глас. Во последно време, тој не е активен на естрадната сцена, но не ја напушти музиката.

Маријан и сега пее, но во хорот на Националната опера и балет, иако поради пандемијата настапите му се доста поретки. Маријан минатата година во Скопје се ожени со својата долгогодишна девојка, охриѓанката Наташа Каранџулоска.

Маријан и Наташа планираа и свадба, но поради пандемијата планоовите мораа да ги одложат.

Во јули минатата година, Маријан Стојаноски стана татко, а убавата вест ја сподели на својот Фејсбук со пријателите и со фановите. Тој преку фотографија на која штрк го носи бебето ѝ посака добредојде на ќерката која ќе се вика Вероника.

Маријан, кој е познат по хитовите „Ненаситен“, „Подарок“, и стиховите „Роденден, мала забава“ кои се пеат на родендени минатата година во декември ја побара Наташа за жена. „Наташа е Охриѓанка и синоќа ја побарав за моја сопруга во интимна атмосфера.

Можам да кажам дека е нежна и женствена, едноставно исто дишеме. Во повеќето работи се сложуваме, да не кажам во се’. Медиумите не ми биле секогаш наклонети, сакам таа да живее мирен живот.“

Вака лани Маријан ја опиша својата Наташа. На нивната годишнина од бракот, таа го опиша него на начин на кој не го знаеме. „Се чувствувам сакано и благословено. Мојот најдобар пријател, мојата најголема љубов.

Најдобар човек на светот, кој ме инспирира секој ден. Среќна годишнина најдобар сопруг и татко на светот, рече Наташа за Маријан.

Потоа, Маријан ѝ направи изненадување на сопругата која слави роденден. Тој ѝ го испеа својот голем хит „Роденден“, и објави семејни слики со роденденска торта.

 

„Среќен роденден моја најмила“, напиша тој до сликите од семејната прослава, но објави и видео во кој на своја сакана ѝ го пее хитот Роденден, мала забава… Маријан даде интревју за порталот ММС.мк и раскажа како се снаоѓа во улогата на татко.

– Да, ме немаше подолг период, но сега почнувам да пишувам песни за себе, работам моментално на тоа, па можеби повторно ќе застанам на музичката сцена.

Но, сепак, кога би морал да бирам би ја одбрал Македонската опера и балет, тоа е благородна работа. За мене аплаузот е најголема награда. Таму е друг свет, фин културен, за разлика од естрадата“, изјави Маријан.

Потоа рекол дека откако се остварил во улогата на родител светот го гледа со поинакви очи, и додал дека откако има ќерка, светот го гледа со други очи.

– Добро се снаоѓам. Имав среќа партнерката ми е совршена. Ми подари ќерка, и сега таа ми е најважна на целиот свет. Другото се паѓа во вода. Јас се сметам за одличен татко и се трудам да ја учам ќерка ми на моралните вредности, вели тој и додава:

– За мојата ќеркичка Вероника правам се и тоа го правам со големо задоволство. Научив да менувам пелени, да ја бањам, да и подготвам млеко, се како треба. Навистина ми е убаво и уживам.

Знаеш како се чувствувам? Јас сум најбогатиот човек, а богатството е да сме живи и здрави и да сме си со саканите. Научив многу и навистина и помагам на мојата сопруга“, изјавил Маријан за ММС.

Фото: Фејсбук принтскрин, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаСинот и снаата на Боба и на Брена си рентаа јахта и заминаа на предвремен меден месец (ФОТО)
Следна статијаВирусот ги спои Марко и Христина, беше тоа љубов на прв поглед иако преку маски