Нашиот познат музичар, Владимир Блажев – Панчо од ДНК е познат како човек кој секогаш гласно си го кажува своето мислење за многу ситуации.
Освен тоа, тој неретко знае да се вклучи во хуманитарни акции за помош, но и самиот да креира такви ситуации.
Тој минатата година, крена големо внимание во јавноста, по пишувањата за бабичката пред тинексот во Карпош, која продаваше цвеќе. Многумина отидоа и и ги купија сите цвеќиња одеднаш, за бабичката која беше во поодминати години, да не се мачи на временските услови.
Пред неколку викенди викенд, младите го искористија убавото време за прошетка во Градскикот парк во Скопје, каде што како што објавија многумина на социјалните мрежи, беше преполно и се чекаше ред за купување пијалок.
Панчо објави слика на Фејсбук и напиша:
„Паркче си меле на најјако, а вие затварајте теретани и кафичи со тераси на отворено. Воопшто не ги окривувам луѓето, поготово не младите.
Ваљда не мислевте дека со полициски од 20ч и затварање на локалите луѓето ќе седат по дома на 20+ степени?
Луѓето се веќе збе -снати, изморени, осиромашени, деморализирани, разочарани, осиромашени и психички попуштени, и што е најсериозно се осеќаат оставени сами на себе и не веруваат на ниту една вест што е нормално по 100 лажни ветувања.
Едноставно преку глава им е од се што се случува. Ги жалам здравствените работници кои душата им ја извадивте, велам извадивте, бидејќи ниту една мерка не ви донесе плод, а сето тоа паѓа врз нивниот грб не врз вашиот каде бутате бифтеци во фотељите.
Тоа што било ок (а не се десило тоа) било чиста среќа и верувам ќе се сложите со мене дека мерки се превземаат за да не се рашири пандемија и да се спречи благовремено, а не откако ќе земе замав нели. Господ напомош, друго не гледам дека постои кога е во прашање државна заштита.“
Панчо со уште еден статус кој покажува дека сепак, меѓу нас останале луѓе:
„Чекам ред во еден од поголемиве маркети, влага еден дечко, доаѓа до каса и вика на касиерката:
Здраво, прееска бев тука да купам 10 пакетчиња сликички но дома кога стасав видов дека сте ми дале 11, па дојдов да ви платам за тоа вишок што сте ми го дале.
Женичката го погледна со поглед полн изненадување но и восхит истовремено, му се заблагодари многу, наплати и дечкото си замина.
Ете не се сите лоши луѓе, можеби се малку ама ги има и тоа ме прави пресреќен. Замислете дури во пандемија и гужва се вратил бидејќи знае дека женичката на каса дреме за некој минимилаец и башка е изложена на ризик од вирусот заради големата фрекфентност на луѓе.
Многу е лесно да си ЧОВЕК само треба да се сака. Секоја чест за гестот и големо БРАВО.“ Тој гостуваше во новата емисија на Тони Михајловски, Опуштено со Тони која ја објави својата најава, каде што Панчо меѓудругото вели:
– Фала ти што ме викна, пошто немам каде да се дотерам. Моето дотетрување, знаеш какво е.. Ти ми викаш си ослабел. Немам да јадам бате, како да не ослабам? Не дека јас нејќам, нема едноставно.
Затоа идам на Водно, желади, капина, малина, ливче некое. Барам диви свињи, јас ги бркам, нема. Ништо нема“, рече Панчо а птооа се пофали дека собира сликички ЕУРО 2021. „Затоа продавам албуми, за да имам некој денар, сликици да си купам“, додаде пејачот, а на ова Тони му рече:
Јас што да продавам? Да идам да им рецитирам пред врата?
Фото: Фејсбук принтскрин, Инстаграм принтскрин