Дечкото на Цеца распали по Карлеуша (ФОТО)

0

Медиумите и социјалните мрежи во Србија, но и пошироко во регионот се преокупирани со Цеца која е главна тема изминативе месеци поради новото момче.

Имено, фолк ѕвездата е во љубовна врска со угостителот Богдан Срејовиќ од Белград, кој е помлад од неа. Ова стана актуелно откако папараците го уловија новиот пар заедно, но Ражнатовиќ не сакаше да го коментира својот приватен живот.

Медиумите се обидуваат да дојдат до информација повеќе на оваа тема, па српски Курир.рс пренесе изјава од таткото на Богдан, Милош Срејовиќ кој кратко ја прокоментира врската на неговиот син со фолк ѕвездата.

Некогашниот југословенски атлетичар вели дека неговиот син ништо не му кажал за новата љубов, но дека го подржува неговиот избор.

„Неблагодарно е да коментирам. Тие се полнолетни, зрели луѓе кои знаат да се грижат за себе. Колку што можев да забележам среќни се и задоволни. Тоа е обострана приказна и не сакам да се мешам.

Морам да кажам дека Богдан го немам видено толку среќен и задоволен, па претпоставувам дека се е во совршен ред“, вели таткото на новото момче на Цеца.

Цеца веќе го запозна Богдан со своите деца, Анастасија и Вељко, а исто така фолк дивата имала можност да ја запознае и Искра, ќеркичката на нејзиниот избраник и да присуствува на нејзината роденденска прослава. Среќната двојка е во љубовна врска речиси шест месеци.

Дечкото на Светлана Ражнатовиќ со потсмев се осврна на денешната вакцинација во ТЦ Ушќе, во која учествуваше и лут-ата ривалка на Цеца, Јелена Карлеуша.

Богдан Срејовиќ сподели смешно видео на стори на Инстаграм, во која иронично се опишува денешното зголемување на заинтересираните за вакцинирање против корона вирус.

-Па, Србите се тврдоглав и горд народ. Кога не сакаат нешто, нема пари на кои би се согласиле – истакна Срејовиќ, а подолу е напишано:

– Истото за Србите кога ќе се дели ваучер од 3 сома за вакцинација – беше напишано со видео на кое се гледа како група луѓе брзаат по ескалаторот.

Да потсетиме, денес во 9 часот, Јелена Карлеуша ја прими вакцината Фајцер во ТЦ Ушќе, а после тоа, за време на посетата, одговори на негативните коментари, а еден од нив беше:

– Прашајте ја дали ја изгуби душата за 3.000 динари – беше пораката од водителот на „Утро“, што самата пејачка ја прочита.

– Да! Едвај чекам да си земам 3.000 динари, како што треба да земат сите што се вакцинирани. Јас ги имам истите права како тебе, рече Јелена смеејќи се.

Останува да видиме дали младиот Срејовиќ се обидел да се потсмева на сите што одговориле на вакцинацијата со овој потег, вклучувајќи ја и самата Карлеуша.

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека сите граѓани кои ќе се имунизираат ќе добијат парична надокнада од 3.000 динари.

Фото: Фејсбук принтскрин, Инстаграм принтскрин

Претходна статијаПознатиот македонски музичар призна: Немам што да јадам, затоа ослабев
Следна статијаЗа три години, можам да те исфрлам од домот: Писмо од мајка за ќерка си што ги замисли родителите