Статус на Сашо Тасевски: „Седам во еден кафиќ со познаник, доаѓа трет тип во одело, пицнат, висок скоро два метри, не го знам. И тој тип, странец на добро разбирлив македонски ме покани да седнам со неговиот претпоставен на масата позади мене.
Ми рече само пет минути. Тогаш се свртев и видов уште двајца мажи и жена. Жената боинг. Џамбо. Не мислам на Агушев трубачот.
Нејсе, сите тројца ме гледаат и ми се смешкаат. Таа жената дури и ми трепкаше. Викам, овие суртуциве кој ги клацка, за женава вреди да седнам. Инаку не седнувам така со непознати. Се претставија.
Сите од една амбасада на гооооолема држава. Тој едниот амбасадорот лично. Тоа џамбо џетот до него, односи со јавност работела.
Како седнав почнаа Саша ова, Саша она, ко да се знаеме сто години. А бе мислиш со Бачев, Мирка и со Латас седат.
И амбасадорот во еден миг ми вели: Господине Саша, јас сакав да ве запознаам, ве читам внимателно секогаш ко ќе ми донесат што сте напишале!
И јас го прашувам онака наивно: А која моја книга ви донеле да прочитате?
А он мене: Вие и книги пишувате?
Викам само осум имам напишано до сега. Уууууу браво вика амбасадорот. Жал ми е што немам до сега прочитано ваша книга. Баш би сакал. Добро, го прашувам, што сте читале тогаш?
Па тоа што го пишувате на фејсбук. Интересни ставови имате. Пред некој ден многу го свртевте нашето внимание кон вас по статусот што го пишавте за нас и нашиот претседател. И тоа што ви даваме отворена поддршка против небулозите кои доаѓаат од вашиот источен сосед.
И тука почнува да ми цитира делови и од други статуси што сум ги објавил, а кои веќе и самиот не ги памтам. И затоа се праев будала, даааа, како не, знам што ручав пред да го напишам тоа, амбасадоре!
А бе сељак. На мене мислам, не на амбасадорот. И тогаш таа жената боинг, ми покажува на мобилниот мои скриншотирани статуси,, со уреден превод на јазикот на таа држава.
Јас у ш -ок. Не е можно викам она што сум напишал да се зема толку сериозно. Не дека не сум сериозен кога пишувам, дури и кога се заебавам, ама дека тоа се чита и таму кајшто не би помислил…
Ми велат. Во право сте Саша, вие немате пријатели во ЕУ. Тоа се глупости. Да имавте ќе ве примеа кај нив уште во 2018 кога го сменивте името. Треба да знаете дека следна за влез ќе биде Албанија, па Србија. Никој во ЕУ не размислува сериозно за вас. Само ве искористуваат.
Зошто ова не му го кажете на нашиот премиер, го прашав. А бе ко се ококори во очите. Мислев ќе каже нешто, ама го голтна и се насмеа, ама онака слатко. Господине Саша, знаете да насмеете човек, кога најмалку се надева. Му викам, знам и да го расплачам ненадејно.
Ете тоа сакав да го споделам. Цела ноќ мислев на средбата. Не само поради тој џамбо џетот, туку за целата случка. И немојте одма да правите филмови дека сум станал нивни човек. Со пари тешко да ме убедат…. Само да не го пратат тоа џамбото да ме убедува. Тука веќе не гарантирам.“