Боки е еден од подрагите мои другари- Лозано прозборе за Бојан Јовановски, но и за љубовта

0

Пејачот Влатко Лозаноски- Лозано гостуваше во емисијата Магазин на ТВ Сител и иако сме навикнати тој да е скромен и резервиран музичарот овој пат се отвори како никогаш досега.

-Кога правам нешто, се трудам да не изрегирам веднаш, претпоставувам дека самото решение или самиот одговор кој треба да се даде има уште милион други комбинации.

Знам што е работно, што е приватно, оние што ме знаат приватно можеби ме знаат и малку понаку, каков е Влатко.

Можеби поведар, можеби поослободен, итн, итн., така да гледам тоа што е за јавност да е за во јавност, тоа што е приватност да е приватност, ако и приватноста биде јавна, тогаш каде е приватноста?

Често одам во Кичево, се дружам со мајка ми и со татко ми, одиме во нашата викендица во Белица, континуирано работиме таму, во тие моменти не сакам да објавувам што правам како правам, едноставно да си уживаме и во физичката работа.

Таму е убаво место, на 760 метри надморска височина, Кичево е на 660.

Другото слободно време, кога беа фитнес центрите отворени често ги посетував, сакам да спортувам, два пати неделно фудбал игравме“, рече Влатко, а потоа за него зборуваше неговиот пријател Бојан Јовановски.

Бојан, кој всушност е член на неговиот бенд веќе 10 години.

Прашањето од Бојан до Влатко беше: Зашто се разбира од географија, нека каже кој е главен град на Литванија. „Драго ми е што тој гостин сте го одбрале.

Боки е еден од подргаите мои другари и соработници. Да, беше генерално искрен“, рече Влатко за коментарот на Бојан дека тој има трема пред настапите.

Потоа одговори дека главен град на Литванија е Вилнус, но и кажа и дека омилен дел во целата негова кариера е концертот во Борис Трајковски каде што очекувал да има луѓе колку да не е празна салата, а излегла полна. „Тие слики од тогаш, никогаш, додека сум жив нема да ги заборавам“.

Водителката Јана искоментира дека љубовта е главна тема во сите негови песни и го праша дали тоа се негови лични искуства, на што Лозано одговори:

-Не мора да значи. Можеби биле сите приказни, приказни од луѓето. Љубовта, без разлика кон што имаме е љубов и мора да биде присутна, нормално. Километри е базирана на љубовта, но не љубовта кон дечко и девојка туку љубов кон се.

Тука има и родољубие, љубов кон родителите, кон мајката, кон таткото, љубов спрема земјата, љубов спрема родното место. Нашето тло во Македонија има приказни многу да се направат баш како што кажуваме во песната Вардаре, има приказни да кажува многу тома“, рече пејачот.

Водителката потоа рече дека има луѓе коишто веруваат дека вистински сакаш само еднаш, а има и луѓе кои велат дека ако отвориш срце може и повеќе пати да сакаш.

– Да, со отворено срце може да се случи“, рече Влатко, а на ова водителката го праша: ти во која група припаѓаш, а тој рече: Па, најверојатно во втората.

Со отворено срце сум, никогаш никого не сум мразел, едноставно луѓето никогаш не треба да се мразат, треба да се најде решение за се, да сме толерантни, со толеранција може се да се реши, така да, им посакувам само убави работи“, рече Лозано.

Познато е дека пејачот беше во врска со Савка Грачанин, и пред неколку години ја раскинаа свршувачката, а оттогаш Лозано не зборува многу на темата љубов.

Во едена прилика, тој рече дека се уште одржува контакти со неговата поранешна девојка.

На крајот рече дека споредбите со Тоше Проески не му причат туку му годат, но тој има свој музички пат кој публиката го има препознаено.

Фото: Фејсбук принтскрин, Инстаграм принтскрин

Претходна статијаКарлеуша отиде на имунизација облечена како за на Звезде гранда, а тек кога ја соблече јакната
Следна статијаСашо Тасевски: Седам во кафиќ, ми приоѓа еден и ме вика на другата маса – таму што да видам, седи женска авион со уште еден