Повремениот аналитичар во медиумите, Виктор Трифуновски, со свој коментар на социјалните мрежи, го кажа своето размислување зошто во поранешна Југославија се живеело добро:
„..Уморен сум од објаснување дека Југославија убаво помина во 1960-тите и 1970-тите благодарение на добрата воља на Запад. Затоа имаше „Црвени Пасоши“ затоа имаше кредити и донации, односно минимум слободна трогвија за обичните луѓе.
На Запад му било важно што повеќе социјалистички земји да бидат надвор од дворот на СССР, а не дека гаеле некакви си симпатии кон Броз и неговиот авантуризам (Самит на Неврзаните, најпропали и корумприани држави).
Додека траело таквото расположение на Запад, траеле и кредитите, донациите, и се она што луѓето го памтат (од спортски успеси, па се до филмови за успешна индустрија и држава).
Роналд Реган ја менува монетарната политика во 1980-тите, и затоа земјата почнува да се враќа назад, кон реалноста без кредити и донации, кон реалноста на ниска продуктивност со високи политички амбиции.
Но Реган ја менува монетарната политка кон сите, почнувајки од Америка. Зошто Зап. Германија не беше погодена од таквата промена…или незнам, Британија?
Потенцијалот на отвореност кон Запад, само малку го искористи Словенија… другите НИШТО, бадијала црвени пасоши, бадијала работа во „ино-странство“. Една земја така отворена кон Запад, наместо да се зафати со реформи, наместо да направи економија за пример…
се фатија за еден НЕЗДРАВ и тотално забеган национализам (од меморандум на САНУ, преку исла мската декларација на Изетбеговиќ, фондови за вооружување кои ги правеа Хрватите и Албанците, итн, итн)… сето тоа на крајот резултираше со најголемо разурнување по Втората Светска Во јна.
И ај што ја ус раа тогаш работата, него ја се рат и денес. Во Србија годишно се печатат преку 1.000 книги кои перат памет дека некој од надвор ја растурил државата.
Секој ден, секоја вечер, на онаа „Чирилица“ кај Миломир Мариќ имаш ајвани кои го верглаат тоа 20 и кусур години. Ц ИА ја донела декларацијата на САНУ, ЦИ А го донела Милошевиќ, го претворила Косово во Зоолошка Градина во 1980-тите, ги терала луѓето на референдум да гласаат независност од Југославија …глупости у боја.
И повторно го палат народот…Снимаат филмови од типот „Дара од Јасеновац“ „Кво Вадис Аида“ (за мас -ак рот во Сребреница)… повторно откопуваат јами, прават вежби заедно со Република Српска, се во оружу-ваат и Срби и Хрвати и Босанци…
Хрватите ме разочараа со оние споменици на уста шите, Босанците имаат се повеќе села кои живеат под шер ијатско право…. а во исто време незнаеш кој од кој е поголем банкрот.
И доколку се сп укаат уште едаш, баш ме интересира кој ќе им биде виновен за следната во -јна???