Татјана и Новица си имаат приватен возач во Австралија (ФОТО)

0

Од празникот Водици во 2015 година, фолк пејачите Татјана Лазаревска и Новица Василевски живеат во Мелбурн, во Австралија.

Во едно интервју рекоа дека не им било лесно да ја напушат родната Македонија, но сметале дека така е подобро.

– Главна причина беше: на децата да им се даде можност за поразлична иднина. Нема да кажам поубава, ќе кажам поразлична.

А искрена да бидам Новица и јас често зборувавме како сакаме да живееме надвор од границите на нашата држава, за да ја збогатиме нашата биографија“, рече Татјана во интервју за а svet-australia.com

Само да се потсетиме дека со оваа работа, мислам на музиката се занимавам веќе 25 години, но по образование сум професор за предучилишно образование, па така и овде во Австралија продолжив со образованието во таа област.

И еве сега работам како учиталка во градинка и ми е интересно да работам со деца. Секој ден со ново искуство и така заборавам на се’ што се случува во светот“, рече Тања во истото интервју.

-Мојата музичка лична карта е песната „Аце, Аце“. Од кога сум во Австралија снимив неколку песни, но ниту една не го повтори успехот на оваа песна.

Планирам да снимам уште песни, а дали некоја ќе стане хит оставам на публиката да пресуди“, рече Татјана за својот најголем хит, а потоа зборуваше и за својот Новица.

-Коалицијата Лазаревска – Василевски одлично функционира веќе 17 години. Кога има разбирање, поддршка и љубов, тогаш тоа е осудено на љубов“, искоментира таа. Сега, откако мерките во Австралија попуштија, и таа и Новица, како и сите нивни колеги, им се радуваат на повторното враќање на настапите.

Татјана и Новица откако поминаа карантините и кризата работат со полна пареа. Во прилог на мирната ситуација со вирусот, оди и тоа што таму е сега лето и собирите и веселбите на луѓето се претежно на отворен простор.

Македонците прават свадби и веселби во Австралија, па работата на познатите фолк-пејачи им тргна, а Татјана често објавува лајф видеа како настапува.

Нејзиниот драг Новица, неодамна прослави јубилеен 50 роденден, и по тој повод Татјана му направи гала журка со сите салтанати.

Балони, торта, шампањско и сите нивни блиски пријатели околу, вака изгледаше оваа забава според сликите и видеата што ги објави Татјана. Меѓу гостите беше и Маријана Новачевска.

Како подарок за својот сопруг, Татјана испеа дует со него, а тоа е песна од Лепа Брена, која таа своевремено му ја посвети на својот син.

Стиховите на оваа песна велат: Ја немам други дом, осим дома у срцу твом, осим тебе никога, на свету немам ја“.

Во видеото, Новица и Татјана играат танго и ја пеат оваа песна.

Во недела, на 2 мај во црквата Свети Илија во Queanbeyan во New South Wales, Татјана и Новица ќе одржат велигденска забава пеејќи за нашите иселеници, а овој настан чиј билет за влез чини 30 долари, тие го изрекламираа на Фејсбук.

Татјана и Новица веќе тргнаа од Мелбурн накај Queanbeyan, и тоа во убаво друштво, нивните синови Петар и Стрефан. „Конечно имаме приватен возач, Петар Василевски, објави Татјана за својот син кој го има положено возачкиот испит.

Петар изгледа дека сега ќе им биде десна рака на своите родители, кога и да се изморени од свирка, тој ќе биде тука да ги вози назад дома.

Фото: Фејсбук принтскрин

Претходна статијаБате Аце од Штип му пиша на Градоначалникот Николов: Докторе, знам не сум ви симпатичен, јасно ми е, но слушнете ме
Следна статијаСања Николиќ објави слики од малиот Моша: Уживанција во прегратките на мама (ФОТО)