Драган Спасов Дац: Писмо до човекот кој не прозва нас и здравствените работници
„Господине Мицкоски, би сакал најдобронамерно да Ви помогнам, затоа што гледам дека не знаете дека песната “Марина” (во препев “Вакцина,,) е компонирана од познатиот италијански шансониер Роко Гран ата.
Ние на таа мелодија напишавме текст. Компонирање е едно, а пишување забавен текст на дадената мелодија е сосема нешто друго , а нашата финална композиција е препев или кавер. Таква беше и “Корона Чао”, ако се сеќавате, хит во нашиот регион. Кој знае – ок, кој не знае – предолго за објаснување.
Сето време во пандемијава се трудиме да создадеме позитивна енергија и оптимизам кои итекако му се потребни на нашиот народ. Празните фрази, ветвите извици и повици не се наша тема на интерес (актер и музичар), а истовремено не дозволуваме да бидеме ставени во политички контекст таму каде за тоа нема место.
Правото на јавниот говор што ви го дава партиската функција, ние како музичар и актер сме го стекнале со многу театарски и музички награди во земјата и странство и од таму нашата релевантност во јавниот простор. А вие?
Никој нашите слушатели и обожаватели со ништо не ги принудува да ,,не сакаат и слушаат,,, ниту некој не платил или нарачал песната да ја направиме таква каква е. Ние сме само две ноти и неколку збора во морето музика и текст кое не опкружува.
За некого морето е радост, извор на здравје, но за некого е смртен непријател во кој неукиот и тупиот на збор и музика може да се удави.
Во Вашите моменти на луцидност и чудење упатени кон нашата песна, си давате за право да коментирате нешто за што, простете, немате појма. Кога ќе напишете песничка од неколку реда и отпеете јавно неколку ноти, ќе ве сметам за кредибилен критичар; вака, сте само – политичар.
Во нашата музика нема ни П од политика, тоа го знаат сите. Оној што пее и игра со нас за да може на момент да заборави на проблемите е наша ,,целна група,,. Здравствените работници кои играа на песната (на чело со Денис, нашиот другар и пандемиски соборец со позитивна енергија).
Тоа се истите тие кои за време на цела пандемија одеа по сите домови во нашата земја од утро до мрак, беспрекорно работејќи ја својата работа. Сега дел од нив го вакцинираат народот во две смени.
Спонтаното играњето кое го коментирате е наш, а не Ваш придонес. Во нашиот свет, нашите почитувачи тоа го прават затоа што срцето така им диктира, без било какви очекувања. Од таму и танцот на здравствените работници.
Има разлика,нели ? Никој од луѓето кои се вакцинирале, не рекле дека кога дошле на вакцинација прво учеле да играат оро како услов да добијат вакцина.
Напротив, граѓанството се фали на љубезноста,пожртвуваноста и професионалноста на здравствените работници. Можеби и тоа е лошо по државата, а?#