Владо Јаневски е еден од нашите најпознати пејачи и текстописци.
Тој во повеќе интервјуа изјави дека генерално слабо се дружи со луѓе, научил да му биде забавно сам со себе, а неговата куќа ја вика тврдина. Јаневски е познат по тоа што пишува најубави љубовни стихови.
За своите песни, тој вели дека се автобиграфски и секоја од нив има некоја своја приказна.
Новата песна на Владо се вика „Без тебе не ме бива“, е беше промовирана на радио „Бубамара“ пред неколку дена.
Еден дел од песната е снимен во Скопје, а еден в Загреб, а Владо сотработува со Никша Братош, кој е познат музичар и има соработувано и со Тоше Проески. Еве што вели Јаневски во новата песна и кои стихови од неа се најсрцепарателни:
„Да те сретнам случајно, и сакам и неќам, ти ми будиш стари спомени и нови јадови. Секаде си со него, бликаш од среќа, а јас се распаѓам по сите шавови. Ти биди среќна, за мојава тага не си крива. Без тебе душо, едноставно не ме бива“, порача Владо.
Во интервју за Опсервер.мк Јаневски сподели една интересна мисла. Имено, тој откри дека веќе не му е престиж да го сакаат надвор од Македонија.
– Да ме прашавте пред 10 години ќе ви кажев дека тоа е да ме сакаат во Белград, во Загреб, во Љубљана, да правам 50 концерти годишно наместо пет.
Но денес, не. Сега ми е доволно само да се разбудам наутро и да помине уште еден ден, а од утре ќе размислувам за понатаму. Толку сум сконцентриран на сегашноста, што ги отфрлив сите планови за иднината.
Годините и искуството ме научија дека „ако сакаш да го насмееш Господ само кажи му што планираш.
Немам апетити да настапувам надвор од Македонија“, изјави Владо претходно, но сега тој интензивно снима и настапува во Хрватска.
Владо на една промоција рекол дека тој не е како Џорџ Клуни, кој изјавил дека нема да се жени, па го прекршил зборот. „Јас навистина нема да се женам“, рече Јаневски.
Тој даде интервју за 24info.mk, во кое се навреди за едно прашање: „Малку е невкусно од човек на 60 години барате да зборува за девојки и ергенлак, не ви се чини?
Моите сфери на интерес во последниве 10-ина години се далеку од тие теми, иако љубовта како појава и сѐприсутна мист ерија во нашите животи била, и секогаш ќе биде тема на моите песни преку кои комуницирам со светот и креативно се изразувам“, рече Владо.
Дел од своето срце тој го дава на дланка на своите следбеници на Инстаграм како што направи со неодамнешната објава. Тој сподели стихови од песна за која со години се збруваше дека има висстинска приказна.
– Многу трачеви има, ама јас сум малку недружељубов во последно време затоа што години ми диктираат малце посмирен живот. И сега ми е мерак да си седам дома, веќе не одам по журки“, рече Владо во една прилика во Еден на еден, а кога водителот Жаре го праша колку време немал серозна врска тој рече:
Десет години најмалку, 12. Не сериозна, никаква. Има роднини, пријатели што сакаат да ми наместат девојка- Има една за тебе. Ама, кога не пее пилето, џабе е.
Во една прилика, Владо откри дека всушност има деца кога Жаре го праша во истата емисија: Би сакал да ми одговориш искрено. Има ли наследник Владо Јаневски?
-Не е сврха да ме наследи некој? А, не музички? Биолошки мислиш? Јас знам дека имам, сега, не дека сум ги растел и знам кои се, какви се, што се, али ми јавиле дека има некои што растат.
-Така да, може сум татко, ама не сум баш некој татко“, изјави Владо. За неговата песна „Што да и да ќе помине“ се зборуваше на времето дека е автобиографска и дека зборува токму за тие негови наследници.
„Нашата љубов уште живее, има име и ангелски лик. Збунето стои на прагот на стварноста, со своте розови кош-мари“, се дел од стиховите. Токму нив, Јаневски, ги сподели на Инстаграм.
Фото: Инстаграм принтскрин, Јутјуб принтскрин