Миле Думиќ од Кисела Вода има 53 години. Пред 30 години тој се жени и станува татко на три деца, но набрзо останал самохран родител.
-Судбината сакаше да се разведеме со жена ми, а децата останаа да живеат со мене. Беше многу тешко, морав да работам две работи за да ги прехранам. Излегував во 6 сабајле, се враќав после полноќ, вели Миле Думиќ за емисијата „Срце на дланка“.
Потоа имав многу здравствени проблеми, со желудник и со панкреас. Кога бев во болница децата беа сами дома. Сега ќерката поголема има 30 години, помалата 27, а синот има 25 години.
Веќе дваесет години работам физичка работа, со гипс и молерај. Целиот живот се борам за да ги израснам децата, во што и успеав. Но Миле го снаоѓа нова невоља. Прво му ослабува срцето, а сега му се случува пожар при што му гори куќата.
-Пред мои очи гледав како она што сум го создавал 50 години, за 5 минути ми се распадна. За среќа пожарникарите дојдоа брзо, изгасија, но еве што остана од неа. Сега синот со снаата отидоа под кирија.
Цела среќа во нес реќа е што во моментот кога тоа се случило немало никој дома, инаку којзнае што ќе беше.
Сега ми останува да почнам се од почеток, но сега здравјето ми е нарушено, немам веќе моќ, вели за емисијата „Срце на дланка“, Миле Думиќ.
Миле вели дека сè му е пеплосано, дури и лажиците и вилушките. Цела покуќнина, облека, чорапи…
-Брат ми, сестра ми ми дадоа нешто од облека, бидејќи сè ми отиде. Сега имам проблем и со срцето, треба да направам испитувања, но поради ситуацијата со пандемијата, сега немам термин. Да одам на приватно немам пари, вели Миле Думиќ од Кисела Вода.
-Се пријавив во вашата емисија за некоја помош. знам дека има хумани луѓе кои можеби ќе ми помогнат, и рече на новинарката од „Срце на дланка“, Миле Думиќ. Сите оние кои се во можност, да ми помогнат, вели Миле.
Ние како портал кој често обработуваме теми од животот на луѓе кои поради разни причини дошле во ситуација да немаат и да се борат за корка леб, или кров над глава, исто така апелираме до сите хумани луѓе, да му помогнат на Миле Думиќ.
Сите оние, кои сакаат да помогнат, тоа можат да го направат на следната трансакциска сметка: 200003850357665 , која е на име на Ивана Думиќ – Ристовска.
Исто така, некои кои би сакале на Миле да му помогнат на некаков друг начин, на пример преку материјали за изградба на неговиот дом, можат да го контактираат на телефонскиот број: 074 304 405
Видеото со сторијата за Миле, во емисијата „Срце на дланка“, која оди на Алфа телевизија, можете да го погледнете ТУКА