Минатиот месец беше промовирана Евровизиската песна „Here I stand“ со којашто Васил Гарванлиев ќе настапи на 65-тото издание на Евровизија во Ротердам.
Песната беше промовирана на МТВ во живо и на официјалниот Јутјуб канал на Евровизија.
По целиот ска ндал околу учеството на Евровизија на Васил Гарванлиев, околу покажувањето на боите на бугарскто знаме во спотот, и неговата изјава дека има бугарско државјанство, на Фејсбук се потпишуваше петиција дали Гарванлиев треба да ја претставува Македонија во Ротердам.
Македонската радио телевизија објави дека е формирана комисија која ќе одлучува за неговото учество, која подоцна одлучи Гарванлиев да замине на Евровизија.
Боите, како што беше кажано, се триптих на уметницата Жанета Вангели, кои како што објасни Гарванлиев, се совпаѓаат со боите на бугарското знаме.
Тие секвенци се остранети од видеото. Гарванлиев со видео обраќање ѝ објасни на јавноста за што станува збор.
– Јас сум Васил Гарванлиев, роден во Струмица, Македонија. Во 1997 година, моето семејство одлучи да се преселиме заедно во Чикаго, каде што живеевме неколку години. Не депортираа од Чикаго и кога се вративме, јас бев малолетен.
Фамилијата одлучи да направи неколку чекори за безбедност и за иднина за сите нас. Мојата баба, мајка на татко ми е родена во село Игралишта надвор од Петрич, кое ни овозможи да добиеме бугарски пасоши, кој го имам веќе дваесетина години.
Закон во нашата држава е дека двојното државјанство е дозволено. Имам живеено 10 години во Чикаго, осум во Торонто, една во Милано, една Лондон, неколку во куфер, патувајќи.
Имам застанато на светските сцени, во Париз, Амстердам, Цирих Њујорк, Чикаго, Торонто, Лисабон…
За мене најважното нешто во мојата биографија беше: Македонскиот баритон Васил Гарванлиев ја започна својата кариера на седум годинки во својата родна земја“, рече Васил и продолжи да зборува за Евровизија.
-Едвај чекам да застанам на таа сцена и да вибрирам во црвено-жолта боја. Спотот, бидејќи имаше многу коментари лани, дека нема многу Македонија во спотот, годинава сакавме да вклучиме колку можеме Македонци во овој проект.
Во моментот кога сфатив дека луѓето се погодени од тоа дело во музејот, направив чекор, спотот се смени. Интервјуто кое циркулира, е изјавено пред година дена, дури и повеќе. Во музика, нема политика, нема раса, нема боја.
Ако некој е повреден од тоа што јас го направив ненамерно, сосема случајно, јас се извинувам од сè срце.
Не се извинувам за тоа што сум јас, но ако имам повредено некој, кои и да се, прости ми. За крај, ве оставам со превод на нашата македонска песна годинава:
– Тие ќе пробаат да те скршат и да те соборат. Без да знаат дека тоа те прави посилен, да постигнеш и да продолжиш на патот кон успехот. Еве ме пред вас, без глума, со срушени ѕидови, во моето срце“, рече тој во обраќањето.
Пејачот на својот Фејсбук профил објави бидео кое го добил како поддршка за него и за неговата песна од Мицко. Мицко со вистинско име Мицуко Ушида е пијанистка од Лондон со потекло од Јапонија, која на Васил му посакува среќа и меѓудругото во пораката вели:
Здраво Васил, Овде е Мицко од Лондон. Се имам изнаслушано многу од Моцарт и Шуберт, но музика е музика и светот е се уште во многу лоша ситуација.
А тоа што ја претставуваш твојата земја на Евровизија, мислам дека е нешто прекрасно, и ти посакувам многу среќа.
Всушност, имам нешто да ти признаам. Никогаш во својот живот не сум гледала Евровизија. Но, оваа година ќе гледам затоа што ти ќе учествуваш. Ти посакувам се најдобро и многу среќа во животот, а особено на овој настан, и за твојата земја исто така. Многу љубов, Мицко од Лондон.
Фото: Фејсбук принтскрин, Јутјуб принтскрин