Битолскиот професор Трајковски: Мојата замисла, Германиците ја спроведоа во дело

0

Статус на Дејан Трајковски, професорот по Механика од Битола, кој прави анализи на официјалните ковид бројки и врз основа на тие пресметки дава одредени прогнози за текот на пандемијата, кои во повеќе наврати се покажаа како точни:

„Германците дури и епидемијата ја решаваат со технички методи. Мојата одамнешна замисла за автоматско, алгоритамско прогласување на локдаун ако 14-дневната инциденца надмине 150-200 случаи на 100.000 жители, Германците ја спровеле во дело.

Таа метода ја нарекле нотбремзе (Notbremse), односно хавариска сопирачка, која сите ја знаеме од возовите.

Според германскиот алгоритам хавариската сопирачка се активира ако седумдневната инциденца (не чекаат дури ни на 14-дневната), три дена едноподруго надмине 100 случаи на 100.000 жители. Нема преразгледувања, нема политички одлуки. Планот го имаат и механички постапуваат според него.

Но тие ги немаат нашите билмези на власт кои го загрозија здравјето на цела нација заради болната тврдоглавост секогаш да се биде во право, кога е очигледно дека не се.

Таму нема „Ние сметаме дека нашите мерки се доволни и тие ќе дадат резултат“ или: „Нема да има затворање се до целосниот распад на здравствениот систем“ (ЖК).

Па кога ги воведоа мерките знаевме дека дошол распадот. А дека дошол, беше јасно уште кога се појави зазорот меѓу жолтата и сината линија на вториот дијаграм. Инаку, површината помеѓу овие две криви е пропорционална на необјаснетата одвишна смр -тност која ја гледаме во месечните билтени на ДЗС.

Во есенскиот бран таа необјаснета одвишна смртност (луѓе за кои немало места во болниците или не ги примале поради нетестирање и т.н.) изнесуваше 2500 лица.

Во пролетниот бран оваа бројка ќе биде помала (површината заградена со жолтата и сината линија сега е двојно помала), но во јули, штом излезе априлскиот билтен на ДЗС сепак ќе видиме најмалку 1000 необјаснети одвишни поч инати.

Значи, колкав е досегашниот реален биланс од епидемијата во Македонија? 4.628 официјално почи -нати, плус споменатите 2.500 од ланските билтени на ДЗС (коишто самиот ДЗС ги призна како жртви на ковид-19), плус најмалку 1000 кои веќе се упокоиле надвор од болничкиот систем и коишто ќе ги видиме во јули, во априлскиот билтен.

Тоа се најмалку 8.100 досега поч инати. При ова темпо на додавање упокоени случаи до летото ќе има уште близу 900 нови случаи, што реалниот црн биланс ќе го доведе близу до 9.000.

Тоа е цената на непромислените политики на соживот со вирусот и жртвување туѓи животи, наместо енергичното повлекување на хавариската сопирачка.

На крај само уште еден мал коментар за бројот на хоспитализираните. Дури деновиве, откако се пополни зазорот помеѓу жолтата и сината линија, се создадоа услови за намалување на бројот на хоспитализирани (слично како од Нова година до февруари, кога тие две линии заеднички се движеа, односно кога важеше нормалната корелација помеѓу активните и хоспитаизираните случаи, поврзани со нормалната стапка на хоспитализираност од 11%).

Доказ дека болничкиот систем крахирал е што сината линија беше отсечена, односно не можеше да го следи растот на активните случаи, поради што и беа донесени последните рестриктивни мерки – признавање на поразот.

Наводно имале 200 постели, но како тогаш растечкиот број на активни случаи не бил следен со хоспитализации? Како тоа при опаѓање на активните случаи да останува истиот број на хоспитализирани и не се намалува?

Па едноставно – како што се затворале случаите така најпосле се наоѓало место за оние за кои досега немало. Најпосле, дури сега ќе започнат двете криви заеднички да се спуштаат, независно од тоа што досега ни зборуваа, односно директно лажеа в камери.

Претходна статијаСпасов проговори за Стојко: Чекајте, па до вчера правевме мајтап со ВМРО
Следна статијаЈас во Русија рмбам за некој динар, а мајка ми по телефон ми кажува дека жена ми изгледа има некој