Мајка ми жена од 70 и кусур чека, а тие преку ред: Филе од Малта заедно со Ирена Ристиќ луто реагираа за имунизацијата на пратениците

0

Mнистерот за здравство, Венко Филипче, најави дека веднаш по завршувањето на продолжениот празничен викенд за Велигден треба да започне имунизацијата со кинеската вакцина на „Синофарм“.

„Она за што се спремаме е целокупната количина од 200 000 дози на вакцината ’Синофарм‘ која треба да стигне околу 28 април, а за што е спремен и планот и дистрибуцијата согласно бројот на пријавени граѓани.

Веднаш после пристигнувањето, веројатно тоа ќе се преклопи со велигденските празници, ќе биде дистрибуирана ширум државата и вакцинацијата со оваа вакцина ќе започне во вторник непосредно после завршувањето на велигденските празници.

До тогаш ќе бидат спремни спортските сали во шест градови во внатрешноста кои ќе се користат како пунктови за масовна вакцинација.

Како што рече Филипче, салата во Охрид е веќе готова, а наредната недела и тие во Штип, Куманово, Битола, Тетово и Кавадарци ќе бидат спремни и опремени со фрижидери.

По „Синофарм“, во текот на мај секој понеделник треба да пристигаат и вакцини од „Фајзер“.

„Денеска добивме листа од компанијата ’Фајзер‘ со која ни беше презентиран распоредот со кој ќе стигнуваат останатите количини во мај.

Секој понеделник ќе пристигнуваат помеѓу 5-7000 или околу 26 000 се предвидени да стигнат во текот на целиот месец“, рече Филипче.

Денес се вакцинираат пратениците во Собранието со руската вакцина „Спутник“, во „А1 арената Борис Трајковски“. Таму е исто така во тек масовна имунизација и на граѓани над 73 години.

Претседателот на Собранието Талат Џафери денес изјави дека негова обврска било да достави список од сите 120 пратеници, а потоа секој од нив добил порака кога и каде ќе се вакцинира.

„Секој има право да одлучува или да негодува. Нивна одлука е дали некој ќе дојде или нема да дојде“, изјави Џафери. Пратениците се оценети како критична инфраструктура согласно Националниот план за имунизација. Џафери се надева дека со овој процес ќе се овозоможи посоодветна работа на Собранието.

На имунизацијата на пратениците, реагираат многумина на социлајните мрежи, а една од нив е и Ина Многифина која на Фејсбук напиша:

„Многу ме интересира како пратениците стигнаа да се вакцинираат пред хронично болните и уште повеќе ме интересира со која ќе се вакцинираат“, рече таа.

На ова реагираше актерката Ирена Ристиќ, која имуниацијата ја спореди со познатата навика на нашиот народ, на оние кои се туркаат преку ред ма лекар или на шалтер, вадејќи се со:

Јас само да прашам. „Они само да прашаат нешто“, коментираше Ристиќ на објавата на Ина Многуфина.

На ова се надоврза и познатиот новинар Игор Филевски- Филе познат како Филе- топки кој последниве неколку години живее на Малта.

Филевски за Студио 10 на ТВ 24 раскажа какво е неговото искуство со вирусот и со вакцинацијата во таа мала држава која има околу 470.000 граѓани население.

„Рестораните не работат, хотелите се затворени, освен продавниците за храна. Вчера првпат по шест недели имаше 90 новозаразени, а пред затворањето имаше по 500, 300, 400 нови. Ваков локдаун е ок кога има масовно вакцинирање, а во Малта досега се вакцинирани околу 150.000 луѓе“, објаснува Филевски.

Тој вели дека на Малта како граѓанин вакцинацијата можеш да ја одложиш, но не можеш да ја одбиеш.

-Ми го извлече муабетов од уста… И мене ме интересира и ме вади од такт, додека мајка ми, жена од 70 и кусур чека на листа и никој не и се јавува и дедото со опер-ација на срце и хроничен бол-есник, чека и чека и никој абер нема да им закаже…“, напиша Филе.

Фото: Фејсбук принтскрин, Јутјуб принтскрин, Илустрација

Претходна статијаНаум Петрески виде дека во Македонија од музика нема леб и реши да печали надвор
Следна статијаОткриено е зошто се разведе познатата глумица која Македонците ја обожаваат – еден нејзин колега е „вмешан“