Спенџарска проговори околу мажачката и парите

0

Една од нашите најпознати ТВ водителки- новинарки, Јелена Спенџарска, во последно време стана инфлуенсерка. На крајот на минатата година, таа на Инстаграм се пофали дека инфлуенсерскиот бизнис супер ѝ тргнал.

-Мислам дека татко ми отсекогаш знаеше дека ќе бидам новинар…. Јас како мала сакав да бидам принцеза (сериозно) но тој ми велеше, -Не, таа „професија” не е за тебе, ти еден ден ќе бидеш новинар, ќе видиш….

Така потсвесно израснав со таа помисла и кога дојде ред да се запишам на факултет, немаше дилема… Се запишав на правен, отсек новинарски студии и добро ми тргна… Ништо од мојот сон да станам принцеза хах“, изјави таа во интервју за exclusive.mk

Јелена едно време беше и манекенка, и се има појавено во неколку видео спотови, а за тоа време зборуваше во истото интервју.

-И покрај тоа што сум се појавила на неколку ревии, манекенка никогаш не сум била.. Можеби било тоа некоја тинејџерска желба, но никогаш не сум сакала комплетно да се посветам на таа професија. Не би можела да одберам помеѓу новинарство или водителство.

Во новинарството повеќе можам да дојдам до израз зашто креативноста ми работи 300 на саат и тука сум вистинската јас.

А, што се однесува до водителството, посебно емисијата која моментално ја работиме, тука мораш да ги смириш ст -растите и да дадеш малку посериозен пристап на темите кои што ги обработуваме.

Мораш да внимаваш што зборуваш, на било каков начин да не пов-редиш некој од гледачите, да бидеш спремен на секакво прашање или критика и да не си ставаш ништо при срце…тоа е најважното“, рече Спенџарска.

Јелена минатата година на Инста се пофали колку се променила и дека сите свои убави и помалку убави работи си ги запишува во дневник. Но многу често, таа своите мисли ги пренесува и на својот инстаграм профил.

Многумина се согласуваат дека Јелена е извонредно талентирана за пишување, што впрочем се гледа од нејзините статуси. Подолу еден од последните, во кој објаснува што мисли за мажачката, но и финансиите:

„Не сонувам дека треба да се омажам. .. или да имам деца што побрзо. Мислам, се е тоа убаво ако ми се случи спонтано и во свое време ама моментално не е мојата животна желба.

Повеќе посакувам да бидам финансиски независна и да можам да го прошетам светот. Да ја изрентам секоја куќа која ќе ми се допадне и да живеам во неа се додека ми е убаво таму.

Не сонувам ни за венчаница! Никогаш ја немам ни замислено како ќе изгледа или како ќе стои на мене.

Можеби повеќе се имам замислено во комбинации кои ќе ги носам кога сум опкружена и работам со деловни луѓе кои мотивираат со своите бизнис идеи и ја живеат својата финансиска слобода !

Генерално, не сонувам за ништо за кое ме научиле дека треба да сонувам. Моите соништа се само мои.

Не ни очекувам другите да имаат исти како моите и веќе ми е смачено да гледам како на жените им се продаваат една те иста приказна.

Не има толку многу жени, има толку многу соништа за секоја од нас…. време е да престанеме да сонуваме еден ист!“

Претходна статијаГруевски се огласи предмалку и кажа како ќе беше доколку останеше на власт: Само 5-6 проценти ќе беше невработеноста
Следна статијаВремето брзо лета, децата растат – Горан Пандев пак слави