Розета Арсова, мајката на Цаци од Сител раскажа како ја воспитала ќерка си и упати силна порака

0

Розета Арсова е една од нашите најпознати Тв новинарки, долги годии заштитно лице на Македонската радио телевизија, од времето кога беше ТВ Скопје, до денес.

Арсова минатата година со гордост најави дека почнува емитувањето на Детски канал – МРТ 5 како нов ТВ програмски сервис од јавен интерес. Следејќи го мислењето и реакциите на јавноста, во МРТ е препознаена потребата од специјализирани програми со содржини за деца и млади, што е и основа за креирањето на програмската шема на новиот Детски канал.

-Содржините ќе бидат најразновидни, и едукативни и забавни, наменети за сите возрасти, од најмлади до 18 години.

Во рамки на новиот канал ќе се емитува и ТВ училница, проектот за неформално образование, кој веќе три недели се прикажува на МТВ, откако со мерките за спречување на ширењето на коронавирусот се затворени училиштата и градинките – рече Розета Арсова, уредник на програмата за деца и млади во МТВ.

Таа најави дека јунаци од најпопуларните анимирани серии, ликови од најубавите бајки, сказни и басни, потсетување на народните приказни, многу играње и пеење и по малку и учење, ова е најавата на содржините на Детскиот канал -МРТ5.

Незиниот заштитен е знак- боб фризурата која не ја промени од самите почетоци па до денес, е навистина за пофалба, објави неодамна Женски магазин.

Секој ден, повеќе од две или три децении ја гледавме на малите екрани. Одлична дикција, глас, став, ненаметливост… Вистински професионалец од водителка. Од неа научија многу оние кои се занимаваат со презентерство на телевизија.

Розета Арсова е лик кој не се заборава. Таа е мајка на познатата водителка на дневникот на Сител, Славица Арсова и се гледа дека мајка и ја научила до перфекција да води така тешки емисии во кои се бара врвна умешност.

Славица Цаци Арсова, нејзиниот сопруг, новинарот Александар Спасовски и ја побара јавно преку медиумот за сопруга.

За успешната кариера на Розета е веќе се познато, а додека нејзиниот сопруг, таткото на Цаци Владо со години еден од главните инженери во јавниот сервис.

Славицa Арсова на својот профил на социјалните мрежи, сподели фотографија од постаро списание, „Котелец“ на кое на насловна страна е нејзината мајка на млади години, и напиша едноставно „Мајка“.

Она што може да се заблежи на Фејсбук профилот на Розета е дека таа ѝ е најголема поддршка на својата ќерка.

Речиси сите објави на Розета се или од промо материјалите на МТВ, или пак од ангажманите и интервјуата кои Цаци ги има на Сител.

Јасно се гледа од кого Цаци ја наследила убавината, но и правилната дикција и држењето пред камера. Розета во една прилика сподели цитат од познатиот црногорски актер Жарко Лаушевиќ кој вели:

– Не можете да ги воспитувате вашите деца онака како што вашите родители ве воспитувале вас. Затоа што, вие сте тогаш воспитувани за светот кој веќе не постои“.

Фото: Фејсбук принтскрин

Претходна статијаПриказната од Австралија која насолзи многумина: Се родив богата, па бев сиромашна, а денес посвоив дете
Следна статијаЖена ми го помина најлошото, затоа се решив на овој чекор: Легендарниот пејач Ален ја отвори душата