Приказната од Австралија која насолзи многумина: Се родив богата, па бев сиромашна, а денес посвоив дете

0

Да имаш, па да немаш е позната поговорка за оние кои кога имаат, летнуваат во облаци и го менуваат својот карактер. Таков не е примерот во подолната исповед, напротив. Многу е трогателна:

-Здраво, извинете за лошиот јазик (поправете ме), не го владеам добро македонскиот јазик иако моите родители беа Македонци. Јас сум родена во Австралија откако моите дошле како млади и брзо се збогатиле.

Додека растев имав се’ што ќе посакам, додека еден ден татко ми се’ распродаде поради коцка. Живеевме многу мизерно, беше многу лошо и тешко ми е да се навраќам на тој период.

Еден ден тој се пред озирал и веќе не го видовме. Јас тогаш имав осум години и не се сеќавам многу јасно.

После пет години откако го изгубивме татко ми, ја изгубивме и мајка ми, самата си предизвика тоа што и се случи од тага и очај.

Мене после една година ме посвои едно семејство кое беше доста сиромашно. Ама тогаш кај нив научив да ги ценам малите работи.

За Божиќ ќе добиев чоколадо и некоја мала играчка. И сето тоа го делев со една моја другарка која исто беше многу сиромашна, ама бевме неразделни и цело време беше покрај мене.

Потоа пораснав и се вработив. Не ми беше лесно, трпев се’ и сешто, ама бев навикната. Потоа го сретнав мојот сегашен маж кој е доста побогат.

Можеби како татко ми на времето. Ама еве веќе две години не можеме да имаме деца, бевме и на преглед, се утврди дека еден од нас има проблем.

Затоа одлучивме да посвоиме дете и поднесовме документи. Денес сум многу среќна зошто конечно посвоивме девојче кое има слична животна приказна на мојата.

Маж ми, бидејќи е доста богат, одлучи поголемиот дел од парите да ги донира во домови за деца без родители и во детски болници.

А мене ми е најважно што научив да го сакам животот иако имав лошо детство. Па на сите сакав да им порачам да не губат надеж во животот, дека животот е тркало и дека кога тогаш работите ќе си дојдат на свое место.

И.П. Фото: Илустрација

Не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редеакцијата на Галама

Претходна статијаПоследните одговори на д-р Даниловски ги расчистија скоро сите дилеми околу имунизацијата
Следна статијаРозета Арсова, мајката на Цаци од Сител раскажа како ја воспитала ќерка си и упати силна порака