Деновиве, јавниста упати многу критики на сметка на градоначалникот на Скопската Општина Центар, Саша Богдановиќ.
По критиките во јавноста дека градоначалникот Богдановиќ, за време на полицискиот час е виден во угостителски објект, тој во изјава за порталот А1он, вели дека немал друг начин како да се види со пријатели од Србија, кои биле дојдени на гости. А, протоколот не бил прекршен, бидејќи тој, заедно со нив, изнајмил соба во хотелот.
Само ден претходно, Богдановиќ демантирајќи ја веста, кажа дека таа вечер, сместувал гости од Белград во хотел, како и новиот кошаркар на „Работнички“.
-Во хотелот не можеш да влезеш, ако не си гостин. Јас прво што направив, си резервирав соба, бидејќи немав друг начин да се видам со пријатели, гости кои ги
сместив. Имав пријатели од Белград, а таму имаме и кошаркар од Работнички.
Бидејќи не можев да го видам последниве 2-3 дена, поради некои работи, се договоривме да отидам, да си ја резервирам собата, поминав време со нив до кај 9:30/10:00 и потоа секој си отиде во соба.
Дојде Пазарна инспекција, ме затекна во соба и тоа е тоа. Немам кај да ги носам гостиве, дојдени се на еден ден, не можам да ги носам дома, не работи ништо, затоа отидов со нив“, вели Богдановиќ за „А1он“.
Не го изигруваме протоколот. Протоколот е за гости во хотел. Ние сме гости. Јас завршив со работа во 18:30/19:00, а за саат време не можевме да се видиме. Викам, подобро ќе одам ќе резервирам и за вас и за мене, ќе си преноќиме, сабајле ќе ве испратам и тоа е тоа.
Се видов и со кошаркарот за тоа што се треба околу тренирањето, тоа беше целта и намерата. Јас имам дозвола за движење во полициски час, а гостите немаат. Претходно бев на работа, додава Богдановиќ.
Новинарката Вики Клинчарова од Фокус реагираше на оваа случка и на изјавата на Богдановиќ кој минатото лето за време на пандемијата се венчаше во манастирот во Грачаница, на Косово.
– Кога политичарите со личен пример ни кажуваат како треба… Или можеби не треба? Поради мерките за заштита од вирусот, лани ја откажав семејната слава, или како што си ја викаме – забава. Не си ги собрав блиските луѓе заедно да ја одбележиме втората шанса што ни ја даде животот, оти сметав дека така е најисправно.
Кога, по некое време, градоначалникот Богдановиќ излезе со уникатна финта. Товари си ги гостите, истерај си свадба во Србија, врати се како ништо да не било.
Мерки во Македонија не си прекршил, а забава си имал… Сега, пак ми се ближи семејната слава, и ете ти го пак истиот градоначалник со уникатните финти. Па, се мислам, дали да им изнајмам соби во хотел на гостите, оти ем ќе се видиме, ем нема да прекршиме мерки и инспекцијата ништо не ни може…
Ама, од друга страна си мислам, што ако некој од гостите без да знае е инфи-циран? Вреди ли да го загрозиме здравјето и животот?
Интересни финтите на градоначалникот, мада со игнориран ризик од вирусот. Не секој личен пример, од кого и да иде, вреди да се следи. Одговорност, морална???“, напиша новинарката.
Фото: Фејсбук принтскрин, Јутјуб принсткрин