Актерот Дејан Лилиќ раскажа дека биле сместени во замок во Франција, при што имале контакт со неземски сили

0

Дејан Лилиќ зборуваше за својот живот и за своите улоги во емисијата Магазин на Сител.

Познатиот актер рече дека филмот „Дедо и внук“ во којшто глуми, на многу фестивали добива големи и значајни награди, но рече и дека нема лесна или тешка улога ако стопроценти ѝ се посветиш.

Зборуваше и за првиот македонски детски филм „Стела“ , каде што тој во 90 проценти од сцените зборува на германски јазик. Неговата сопруга му го читала Гете на германски, тој се вљубил во јазикот и во овој период почнал да го учи.

Лилиќ, освен што е успешен актер има магистрирано на Правниот факултет во Скопје. Истакна дека човекот секогаш треба да учи нови нешта, и бил воодушевен од темите на професорите.

Сега Лилиќ е магистер по правни стдуии за интелектуална сопственост, и со неговото знаење би сакал да им помогне на младите во Македонија.

За Лилиќ, кој е добро познат во јавноста и по бројните тетарски и ТВ улоги во има има гостувано во целиот свет, но и по надсинхонизација на турските серии, неговиот колега Ѓорѓи Јолевски имаше само пофални зборови.

Во емисијата како надворешен гостин, Јолевски рече дека Лилиќ е многу фокусиран човек, многу посветен и работите ги прави на совршен начин.

„Како и секој водечки актер, бидејќи најчесто ги игра главните улоги во претставите е човек којшто знае да анимира.

Секогаш околу него има голем број на луѓе коишто сакаат да ги слушаат неговите приказни и едноставно кружат околу неговата енергија, рече тој.

Потоа Лилиќ раскажа неверојатна случка од претстава која ја играле во Франција. „Имавме контакт со неземски суштества, духови.

Тука ќе ја затворам темата, и толку ќе ви кажам, немате време“ рече актерот.

За оваа случка всушност, колегата Јолевски претходно го праша Лилиќ дали е подготвен заеднички да пишуваат сценарио, по што тој потврдно му одговори.

„Огромна случка е, и да , ќе мора да го напишеме сценариото“, рече познатиот актер. „Тоа беше поврзано со тој настан, траеше речиси шест часа, целата таа епопеја којашто ни се случуваше.

Некаде од 11-11.30 навечер, до пет ипол сабајле до изгрејсонце. Буквално живеевме едно десетина дена во замок, во Нанапул, спиевме во замок, сами, ние, таа една екипа од десетина луѓе, и беше неверојатно, тоа не можам да го опишам.

Чувството пред се, како е да се живее во еден замок, со огромна квадратура, со огромен двор, како што ги гледате во филмовите.

Ние имавме таму храна, ни готвеа, ни правеа, ама до 2 и до 3 попладне, после 3 попладне бевме сами во замокот.

Менуваме соби, спиевме во чудни соби, шестоаголни, и ова се случуваше една вечер. Ние го гледавме и морето од една огромна тераса. Не можам да ви опишам, тоа беа едни огромни столови, како престоли, баш буквално во замок.

-Таму имавте чувство како да видовте духови?“, го праша водителката, а на тоа Лилиќ одговори: Не, немавме чувство, се случи нешто такво. Тоа беше страш -но. Треба да се сними филм за ова дефинитивно.“

Фото: Фејсбук принтскрин

Претходна статијаГо будев детето во четири ипол сабајле и го носев со мене на работа: Приказна за самохрана мајка од Скопје
Следна статијаНемам веќе ни скапи коли, ни брендирана облека, живеам со 500 евра, порано трошев илјадници: Познатиот пејач си призна