Место свечени фустани, македонците најмногу трошат на пижами, еве колку е потрошено на онлајн пазарување

0

Пазари безбедно, пазари од дома, кликни и купи, нарачај со еден клик, избгенте ги гужвите, нарачај од фотеља, се за вашиот дом….

Вакви реклами се почесто среќаваме на социјалните мрежи.

За време на пандемијата, нашиот народ се повеќе се научи да купува онлајн. Порталот ММС направи истражување на што најмногу трошат Македонците.

Повеќето од Македонците имаат нарачувано продукти од странство.

Македонците потрошиле 229,6 милиони евра во вкупно 7,3 милиони онлајн трансакции во текот на 2020 година, а најчесто пазарувале во Велика Британија и Унгарија.

Во текот на 2020 година македонците реализирале 167,3 милиони евра кон домашни е-продавници, што претставува 73% во вкупната вредност на онлајн трансакции.

Со домашни платежни картички во странство, во 2020 година реализирани се вкупно 2.8 милиони онлајн трансакции со вкупна вредност од 62,3 милиони евра, наспроти 100 милиони евра во 2019 година што претставува пад од 17,9% во бројот на трансакции и 38% во вредноста на трансакциите“, пишува ММС.мк

Македонските е-купувачи најмногу трошеле на спортска опрема и облека и за време на пандемија, а истиот тренд го имало речиси кај сите европски потрошувачи.

Во 2020 година поради рестрикциите на движење и затворените објекти за пазарење, граѓаните го зголемиле онлајн купувањето со достава до дома.

Купувањето на храна бележи најголем раст, исто како и медицинската опрема и телекомуникациските услуги, а пад е забележан кај електронската опрема.

Tрговците велат дека најмногу се трошеле пижами, тренерки и патики со оглед на тоа дека голем дел од луѓето работеле онлајн од дома.

Дел од нив ја прележаа болеста во домашни услови и минуваа доста време во изолација, а дел од нив можеа да движат само по планински места за да избегнат меѓусебно групирање.

Затоа пак, паднала продажбата на свечени или класични обувки и облека за посебни церемонии затоа што цела година не работеа рестораните за организирање на свадби, а матурските забави беа одложени“, се вели во објавата на ММС.мк.

Фото: Freepic

Претходна статијаСтанува во 4 сабајле машина за перење да пушти, готви после 22ч за пак таа евтина струја да ја искористи
Следна статијаТри пати се оженил и четири пати се развел од истата жена, причината е неверојатна