Нема кој не го памети легендарниот Ненад Стојановски македонски театарски, филмски и телевизиски актер.
Ненад го напушти овој свет во 1998 година и се досега многу негови колеги го споменуваат како пример.
Ненад ѝ беше сопруг на глумицата Силвија Стојановска, татко на Ана и на Јана, кои денес се познати актерки. Улогите во „диво месо“, „Среќна Нова 49“, “Трст виа Скопје“, учеството во „Бушавата азбука“ се само мал дел од ТВ улогите по кои ќе го паметиме.
Заедно со Силвија Стојановска ја играше главната улога во театарската претстава „Грев или шприцер“, една од наголемите македонски хит-претстави,
и неговата легендарна реплика „Ну зајец погоди“.
Во новата верзија од ова познато дело подоцна играа и нивните ќерки. Весна Бејби Петрушевска, во една прилика за Ненад напиша:
Имав 12 години кога прв пат го видов Ненад Стојановски во живо на сцена, се играше Хај -фај, седев во првиот ред и знам дека од толку што бев подзината устата ме болеше.
Ненад беше мојот фраер во тинејџерството, мојата прва замислена љубов, мојот прв креш на глумец…. Си викав, ако некогаш станам глумица сакам со него да играм…
Подоцна дознав дека сите сакаа да играат со него…се сеќавам дека прекинував проба за да се напијам кафе во бифе со него, се сеќавам дека бевме во Котор со една претстава тој како продуцент јас играв….
Ана и Јана беа мали и беше неверојатно трпелив и нежен татко…. Оној негов длабок сув вокал ден денес ми зуи во ушите без разлика колку време помина…
Така голем,толку прекрасен,со таа убава широка насмевка…..кога ќе излезеше на сцена ја имаше таа моќ, што само него го гледаш , другите се само некои кои минуваат покрај него…
Гибнат од Бога…..прекрасен, преубав,преталентиран….недостасуваш…. Многу….“, напиша Весна.
Сега, на Ненад се сети Драган Спасов- Дац кој го сонувал постариот колега со кого многу пати ја има поделено театрската сцена, и тоа токму во очи на неговиот роденден. Дац на Фејсбук напиша:
-Во моментов кога го пишувам ова, точно е два часот и четириесет минути од новиот ден.
Ме разбуди сон, глумачки сон. Овој сон не беше од оние кош -мари кога обично глумците сонуваат како влетуваат во претстава во која не го знаат текстот.
Таквиот сон сум го сонувал безброј пати, не, во овој сон играв во грандиозна претстава на отворено, во која што многу пла -чев, ли-пав во мојата улога…
Претставата ја играв со Ненад Стојановски, еден од најголемите наши глумци.
Во еден момент Ненад се струполи на една удолница и многу лошо падна и си ја ис крши ногата, викаше од бол -ка и ме довикуваше, а јас дотрчав и му ставив мраз на болната нога.
Ја прекинавме претставата, уште еден глумачки кошмар, и јас се разбудив и почнав да го пишувам ова.
Има тука некоја метафора. Ние глумците пред претстава си велиме “Скрши нога”, тоа доаѓа од англиското “Break a leg”, крилатица со која се брка мале-рот и се посакува успешна претстава.
Оваа година мојот Драмски театар слави 75 години од неговото постоење, а јас денес го славам својот 58 роденден но за жал ниту Драмски работи, ниту јас играм во него.
Со голема надеж дека наскоро публиката и претставите ќе се вратат на сцените а ние на даските кои живот значат, велам: ДРАМСКИ! СКР ШИ НОГА! Среќен ми роденден, не можеше поубаво да почне.
Фото: Фејсбук принтсрин, Јутјуб принтскрин