Маријана од Австралија објави слика со бившиот маж и со внуката: Среќен роденден локумче

0

Повеќе од 30 години, во Австралија живее Маријана Новачевска, сестрата близначка на Росана Сариќ- Тодоровска.

Во Мелбурн, исто така живее и нејзиниот поранешен сопруг, композиторот Тоде Новачевски, кој ги напиша повеќето од хитовите на Маријана и Росана.

Маријана времето често го поминува со нејзината добра пријателкја, пејачката Татјана Лазаревска, уживајќи заедно на плажа, на прошетка, на кафе или на шопинг.

Маријна неодамна објави фотографија од плажа и рече дека нема влезено во океанот 30 години, но објави и слики како млад стилист го сменил нејзиниот имиџ кој сите го пофалија.

Маријана е медицинска сестра на Стоматологија, и ужива во својата работа.

Таа откако е во Австралија не е музички активна, но направи исклучок за својата сакана сестра Росана кога испеа придружни вокали за ненјзината песна „Спомени“.

На Велигден минатата година, Маријана стана баба.

Снаата на Маријана, сопругата на синот Филип, Анастасиа, во Мелбурн ја роди Ива, првата внука на Маријана и на Тоде Новачевски.

Маријана и Тоде имаат и ќерка која се вика Магдалена и во една прилика емотивно ѝ го честиташе роденденот.

– Моја драга Меги, мое сонце, мое се, среќен роденден. Ти си прекрасен благослов, специјална среќа, моја љубов и моја гордост.

Кога и да почувствуваш дека животот е нефер само запамети дека мама и твојата фамилија секогаш ќе се грижат за тебе.

Покрај другото, фала што ја направи мама помлада на овие фотографии“, напиша Маријана за својата ќерка.

Маријана пред крајот на минатата година, зборуваше за своето секојдневие во едно интервју во Женски магазин.

– Причината за тоа е што не можам да си прославам опкружена со моите најмили, кои живеат во Македонија е добро позната.

А и искушенијата во животот, со кои верувам сите на овој свет на кој било кој начин се соочувавме.

Пoсветена сум на моите деца, кои не се обврзани дa бидат со својата мајка за дочекот на Нова година или за прославата на Божик. Ја имаат таа слобода сами да решаваат каде и со кого да бидат во одредени денови во годината – откри Маријана.

Чувството да помогнам некому кога му е најпотребно, комплетно ме исполнува. Сега почнавме да се запознаваме со внуката. Поради пандемијата со вирусот, за жал не бевме во можност да се дружиме.

Ева е весело бебе, многу се смее и сака да јаде. Таа и две годишното внуче Ноах на сестра ми Росана, се нашата најголема радост. Двете уживаме во улогата на баби“, изјави Маријана.

Денеска, Ева полни една година. Маријана со емотивни зборови ѝ го честиташе роденденот на својата мила внука и објави среќни семејни фотографии на кои се гледа колку семејството ужива заедно.

На сликите е и композиторот Новачевски, нејзиниот поранешен сопруг, со кого Маријана е во добри пријателски односи. На внуката таа ѝ посака среќен роденден со оригинална честитка:

– Среќен роденден локумче, душичке, срцуленце наше, наше се. Да си жива и здрава, среќна и весела.

Фото: Фејсбук принтскрин

Претходна статијаЕлена Живот со стил си направи спа ценатар по дома, па се пофали како ужива (ФОТО)
Следна статијаМиа Костова го поддржа Кајмакоски: Потсмевајте се, ама лично сум сведок на иста приказна