Калиопи ги покажа мајка си и сестрата со кои многу си личи и сподели емотивна приказна (ФОТО)

0

Музичката дива Калиопи, иако долго не одржала концерт во Македонија, е во постојан контакт со своите фанови, и тоа на социјалните мрежи.

Калиопи за life.ba откри по што ќе ги памети деновите во изолација и што научила од истата.

„Единствено ново што ми донесе изолацијата е ограничување на слободата и рушење на нормалниот систем на функционирање“, вели Калиопи и додава дека нејзината домашна рутина не е променета.

Исто како и претходно сакам да ми биде чисто и средено, исто како и пред вирусот често ги мијам рацете, се грижам за личната хигиена, готвам со љубов, се грижам за моите најблиски.

Дури не дозволив да застане мојот креативен свет и мојот контакт со фановите“ вели пејачката.

За време на изолацијата, Калиопи заедно со својот тим смисли забавен, креативен натпревар наречен „Kaliopi Fan Art“ во кој натпреварувачите ги претставуваат своите таленти во пеење, свирење, танцување, цртање…

„Сега кога ќе се погледнам себе во својот дом, гледам дека тој нема повеќе 150m2, туку дека е поголем за илјада километри затоа што со својата љубов, волја, грижливост и со својата музика успеав да спојам луѓе од четири континенти“.

Таа откри што научила за време на пандемијата. „Ако некаде навистина сите сме биле исти и врзани за иста желба, тогаш тоа е сега, во оваа светска изолација“, изјави Калиопи.

На крајот од минатата година, на својот 54 роденден, таа објави фотографија од себеси кога била мала и напиша:

Ако мене ме прашате, не ми е грижа за годините, затоа што таа, малата Опи уште живее во мене и ќе живее засекогаш“, напиша Калиопи.

Во мај минатата година, Калиопи на својот профил на Инстаграм објави емотивно видео со својот татко под кое напиша:

„Кога бев мало девојче, најмногу сакав да гледам како татко ми се бричи … Веројатно заради неговите вешти и елегантни движења .. Тој секогаш ќе ја искористеше мојата концентрација и фасцинација за да ми стави пена за бричење на носот во неочекуван момент за мене!

Целата среќна и насмеана, ќе истрчав кај братот и сестрата на мајка ми за да си поиграм малку кловн … И сега, после толку години, улогите се сменија … И можеби ова е многу помило и поубаво за мене ..

. Еден од моите најомилени моменти во изолација … бричење на брадата на тато … И јас се усовршив … Како да пишувам една од моите најубави песни.“

Сега, таа објави слика со уште две важни личности во својот живот, мајка ѝ и сестра ѝ.

-Добрата страна на пандемијата – скапоцени моменти како овој …

Ти благодарам мамо што сè уште му пркосиш на времето и што го чуваш твојот млад дух во себеси и го споделуваш со нас … Те сакаме!“, напиша Калиопи.

Калиопи од сестра си има една внука, а таа има и брат од кој има двајца внуци.

Фото: Инстаграм принтскрин

Претходна статијаАктерот Дац откри: Имам потреба да се пофалам дека сум Македонец
Следна статијаКаролина Ристова за моралистите кои ја искористија Верица за да ставаат срценца на профилни