На Клиниката за кардиологија во Скопје во заботата рано наутро е извршена втора трансплантација на срце. Операцијата е успешна, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
„Срцето е прифатено, пациентот постепено се буди“, изјави за МИА министерот за здравство Венко Филипче, по трансплантацијата на срце кај 27-годишно момче од девојка-донор на слична возраст.
Новото донирано срце, според Филипче, кај момчето зачукало во 3 часот и 33 минути.
„Ова е втора извршена трансплантација на срце во историјата на државата, на Клиниката за кардиохирургија. Честитки до сите колеги и благодарност до целиот тим кој во текот на целата вечер неуморно работеше.
Ова е огромен успех на македонското здравство, кој немаше да биде возможен без согласноста за донирање органи од семејството на младата пациентка која прерано го загу-би животот.
Горд сум на моите колеги“, напиша министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил.
Тој објави и фотографија на која е прикажан лекарскиот тим кој ѝ се поклоува на младата девојка, чие семејство одлучи да ги донира нејзините орга -ни. Филипче напиша:
„Историска фотографија, докторите ѝ се поклонуваат на младата девојка чие семејство одлучи да ги донира нејзините орг-ани. Нејзиниот млад живот траг-ично згасна, но нејзиното срце спаси друг млад живот.
Нема зборови со кои може да се искаже благодарноста кон семејство. Нема зборови со кои може да се опише алтруизмот и големината на чинот на органод-арителство.
Во моменти на длабока тага да се донесе одлука за донирање на органите на блиските е дефиниција за хуманост“, рече министерот.
Срцето на 20 годишната Верица Белчовска од беровско Русиново, продолжи да чука во телото на Илија Стрезовски од Брвеница.
Целиот наш народ се обедини во оваа приказна за која изминативе денови се зборува во медиумите и на социјалните мрежи. На Фејсбук се покрена иницијатива, една Клиника да се вика Верица Белчовска.
– Ајде… Ние нешто да направиме убаво за тоа хумано семејство
Ајде да се собереме неколку илјади и Клиниката за Трауматологија ја преименуваме во “ВЕРИЦА БЕЛЧОВСКА”.
Барем малку да им ја одземе болк-ата на тие големи луѓе. А на сите нас да ни биде пример дека и во тешки моменти човек може да биде ГОЛЕМ. Ајде луѓе.
Ајде да видиме дали не бидува….“, напиша Ерол Елко Одисеа. Оваа објава ја сподели и актерот Драган Спасов- Дац кој на Фејсбук напиша:
-Колку сум потресен, толку сум и горд на семејството на прерано поч инатата девојка и на нашите доктори кои направија подвиг.
Големото срце долго да чука во телото на младото момче! За вакви работи имам потреба да се пофалам дека сум Македонец.“
Фото: Фејсбук принтскрин, Јутјуб принтскрин, Freepic