Ќерката на Брејк и на Драгана порасна, објавија слика со посебен повод

0

Драгана Клопчевска сите ја паметиме како една од највпечатливите девојки избрани за Мис на Македонија зад чиј избор се крена голема прашина.

Денеска, 20 години подоцна, таа е успешна жена претприемач, горда мајка на Давид и на Деа.

Драгана е сопруга на бизнисменот и поп – пејач Дарко Гелев – Брејк. Брејк не промовира нови пес ни често, но кога тоа ќе го направи е вистински хит. „Долго чекав“, „Јас сум таков и таков сум бил“, „Само ти“, „За нас“, „Болиш“ се дел од неговите хитови.

Дарко Гелев – Брејк, е сопственик на три радио станици – Сити, Метрополис и Клуб ФМ. Минатата година, за Слободна ТВ, Брејк зборуваше за својот бизнис.

-Би било клише ако речам дека е тешко да си сопственик на радио. Тешко е, комплицирано е, посебно со маркетингот, каде со најмала најава на некоја криза стопира маркетингот и клиентите внимателно ги трошат парите.

Во трите радио станици има 63 луѓе кои што работат, работиме и на четврта радио станица. Се надеваме дека би почнале септември-октомври.

Радијата се слушаат. Помалку сетила работат, не се одзема комплетно вниманието. Информациите кои доаѓаат преку радиото во однос на телевизијата има голема разлика. Ја сакаме магијата до луѓето да допираме преку звук“, рече тој.

Во едно интервју за Фешнел, Драгана зборуваше за својот сопруг Брејк и за тоа како го запознала.

-Ги сакам скоро сите карактеристики кои го красат мојот сопруг. Ја сакам смислата за хумор и самодовербата без ароганција. Го сакам Дарко затоа што е романтичен, искрен, не си ги штеди емоциите, сочуствителен е, вреден, чесен и посветен.

Затоа што знае да даде комплимент, знае да охрабри и да донесе сонце во небо полно облаци. Флексибилен и трпелив.

Затоа што е верен и прекрасен љубовник, добар татко и пријател кој секогаш ме разбира….или барем се обидува.

Се знаевме одамна (Дарко е прв братучед на мој школски), а после многу години се видовме повторно. Се гледавме на кафе, разговаравме како пријатели кои се немаат видено со години.

Тој за својот живот, јас за мојот. Останатото го знаете, чекор по чекор споделивме сѐ“, рече Драгана во интервјуто.

Клопчевска во истото интервју рече дека ако треба да издвои еден ден, момент, минута, тоа би било 25/07/2013…11:05 денот кога се роди синот Давид и кога таа станала мајка за првпат. Вториот најсреќен момент е 18 април во 2019 година, кога се роди Деа.

Драгана веднаш објави нејзини фотографии на својот Фејсбук профил. „Во 03:44, денес се роди Деа, 3340 грама, 52 сантиметри со апгар тест 9/10
Те сакаме малечка наша“, напиша Драгана на својот Фејсбук профил тогаш.

Токму на роденденот на слатката Деа, Драгана ја смени профилната слика на фејсбук на која е сликана заедно со ќерката. Таа доби многу честитки од пријателите за роденденот на ќерката.

Фото: Фејсбук принтскрин, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаМузичарите ја осудија пратеничката Бисера: Сите јадат бифтеци и апетисани со наши пари
Следна статијаАктерот Дац откри: Имам потреба да се пофалам дека сум Македонец