Музичарите ја осудија пратеничката Бисера: Сите јадат бифтеци и апетисани со наши пари

0

Пратеничката од СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска на Фејсбук објави фотографија облечена во скафандер.

Таа сликата ја објави заедно со текст во кој стои дека оди во Собранието, со целосна заштитна ковид-19 опрема, за да учествува на денешната седница на која се законите за финансиска помош за граѓани и компании од петтиот пакет антикризни мерки.

-Пристигнувам во Собранието, со целосна заштитна КОВИД-19 опрема, за да учествувам на денешната седница на која ќе ги усвоиме законите кои обезбедуваат финансиска помош за илјадници граѓани и компании.

Позитивна сум на КОВИД-19, но добро се чувствувам, со силна одлучност денес да победи народот.

Нема да дозволиме уцени! Мојата должност како пратеничка е постојана и благородна. И здрава и болна, имам обврска да направам сѐ граѓаните да ја добијат помошта која Владата ја обезбеди за нив.

А, ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата можат и понатаму да прават сѐ што намериле против народот – но џабе им е, денес ќе ја завршиме работата.

Граѓаните ќе победат и уште еднаш ќе видат колкава РАЗЛИКА ИМА меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ односно меѓу тоа да правиш СЀ ЗА народот и да правиш СЀ ПРОТИВ народот“, нашиша пратеничката на својот Фејсбук профил.

-Драги мои колеги музичари, пријатели угостители и фитнес инструктори кога оваа жена по име Бисера, ПОЗИТИВНА најде начин да присуствува помеѓу 100+ луѓе, се прашувам зошто кај нас на свирки и кај вас во локалите да не доаѓаат исто вака во скафандери.

Која е разликата помеѓу парламент и угостителски објект освен што таму сите јадат бифтеци и апетисани со наши пари. Не знам зошто воопшто сме затворено 14месеци при вакви нереални работи кој притоа доаѓаат од луѓе кои делумно одлучуваат за наши судбини.

Јас се уште сакам да мислам дека ова е неточна вест, ама за жал не е така.
Се што ни останува е да се смееме бидејќи веќе немаме ни солзи за пл-ачење.

Бисера Костадиновска Стојчевска алал вера, покажа вистинска општествена “одговорност”, е мислењето на музичарот Владимир Блажев-Панчо од ДНК кое го напиша на Фејсбук.

Појавувањето на пратеничката во Собрание го искоментира и Петар Младеновски- Пеце од „Суперхикс“.

-Пратеничкава во скафандерот, кога гласаше, над 55 децибели гласаше или како? За една забрана за дејност скоро година и 2 месеца прашувам (со кратка пауза од месец, два).

П.С. да не се разбереме погрешно за пакетот мерки кој и онака доцни со месеци.требаше мнооогу порано да се изгласа“, напиша Младеновски.

Лидерот на „Левица“ Димитар Апасиев, денеска од собраниската говорница им се закани на двајцата присутни позитивни пратеници на СДСМ кои дојдоа со скафандери и гласаат од кабината им порача дека први ќе одат во за т-вор кога ќе падне режимот.

Пратеничката на објавата на Фејсбук доби разни коментари ан објавата, а еден од нив вели:

-Димитар Апасиев , “јунакот од соништата”, силен е само пред жени и во сопствената слабост.  ЖЕНА, ХЕРОИНА, НАРОДЕН ПРАТЕНИК“. Друг пак коментира:

-Па, дали си ти нормална? Колку луѓе ќе ставиш под ризик дур стигнеш до таму, а и тие што се таму?!? Па сте слушнале ли за online нешто?! Уште чека аплауз“.

Фото: Фејсбук принтскрин

Претходна статијаПроф. Даниловски кај Јанко разреши многу дилеми на граѓаните
Следна статијаЌерката на Брејк и на Драгана порасна, објавија слика со посебен повод