Познатиот македонски актер, Сашко Коцев, кој секогаш знае да ја насмее публиката и своите следбеници на социјалните мрежи, е омилен на многумина.
Коцев е актер со многубројни ангажмани, настрана тоа што игра во добар дел од репертоарот на матичниот Македонски народен театар, тој снима реклами, има стендап-настапи.. Вели дека не му е проблем да ги координира чувањето на Јоана и креативниот процес.
–Го користам секој момент за творење и чување. Тоа е комбинација на нишање за заспивање и пишување некој текст во главата…
Потоа мавтање со играчката, истовремено поминување текст за вечерашната претстава или, пак, топлење млеко и правење план во главата за утрешната проба“, изјави Коцев во една прилика.
Сашко Коцев е добар пријател со познатиот македонски водител, Јанко Илковски или во јавноста познат под уметничкото име Јанко Јади Бурек.
Јанко е мошне активен на социјалните мрежи, па така беше и денес кога сподели фотка со Сашко Коцев на фејсбук и притоа напиша:
Со леџендарниот Сашко Коцев кај фризерскиот патријарх Игор Говорко. Сашко доби Пандев фризура, јас тасма-пилација плус анти-сељачки пакет за освежуење – бонус виц од Сашко Коцев кој можам само во живо во емисија да го кажам.
Коцев, минатата година имаше убав повод за славење. Филмот „Налепница“ неодамна беше избран за најдобар краток филм на 18. издание на Меѓународниот фестивал за краток филм „Ин д палас”.
Главната улога ја игра Сашко Коцев, а во филмот настапуваат и Мони Дамевски, Џевдет Јашари, Љупчо Тодоровски-Упа, Соња Стамболџиоска и Димитрија Доксевски. Коцев имаше заеблежителна улога и во Зоки Поки, каде што го глумеше неговоиот татко.
-Ова е мојот трет одигран лик на татко, а никако не е далеку од вистинскиот татко Сашко.
Татко кој на невообичаен и духовит начин му ги доближува животните вредности на своето дете, без да му направи никакви предрасуди за секојдневните случувања или детски препреки и проблеми“, изјави Коцев неодамна.
Тој е носталгичен по едно убаво време, кога тој играше на сцена пред полн театар. Затоа, на Фејсбук вчера, актерот објави фотографија во празната сала на МНТ и напиша: „76 години МНТ.
За жал, сега само носталгија за преполно гледалиште и силно осветлена сцена-нашата животна арена.“ Коцев на Фејсбук напиша интересен статус, во негов стил: Сите земји извадија нов сој, само ние дремеме.
Фото: Фејсбук принтскрин, Јутјуб принтскрин