Еден од најпознатите македонски фудбалери и поранешен репрезентативец на Македонија Игор Кралевски, изгради успешна кариера во Македонија, а потоа и интернационална во Хрватска и Русија.
Тој минатиот месец беше особено актуелен во јавноста, по исповедта за Галама, во која упати пораки до јавноста во врска со бизнисменот и добротвор, Трифун Костовски.
Игор Кралевски во таа прилика раскажа интересна анегдота, со која ја откри големината на Трифун Костовски, неговата несебичност и желба да му помогне на секој кој од него побарал некаква услуга или помош.
Инаку Игор Кралевски има три деца. Двата сина тргнаа по негови стапки. Едниот, кој е роден 2007 игра во Хајдук, а другиот син, роден 2009, во Вардар. Ќерката на Игор тренира гимнастика и е балерина.
По завршувањето на неговата активна играчка кариера, Кралевски беше тренер во подмладокот на Вардар:
-Чувството да се работи со млади деца е прекрасно. Уште повеќе, се потсетив кога јас почнував да тренирам фудбал, исто така во ФК Вардар, изјави во една прилика Кралевски за официјалниот сајт на ФК Вардар.
За жал, познати се состојбите во последно време во ФК Вардар. По заминувањето на спонзорот Сергеј Самсоненко, екипата остана без стабилни финансиски приливи и практично се распадна.
Играчите и тренерите си отидоа во нови средини, а клубот е во најнезавидна позиција од основањето.
Како што дознава Галама од свои извори, Игор Кралевски во моментов е успешен бизнисмен. Тој е инвеститор во изградба на згради во Скопје.
Деновиве неговите фанови ни испратија фотографии од возниот парк на познатиот фудбалер, кој е навистина за восхит.
Покрај спортските Мерцедес и БМВ, Кралевски го има и еден од најпопуларните теренци во Светот, Ренџ Ровер.
Со тоа, Игор му конкурира на својот другар и поранешен соиграч од репрезентацијата, Горан Пандев, кој го има истиот модел на џип.
Возилото не може да си го дозволи секој, биди чини над сто илјади евра, но Кралевски, исто како и Пандев, заработи доста пари во кариерата, па може да си дозволи и ваков луксуз.
Инаку возниот парк на Игор Кралевски е во вредност од над 200 илјади евра. Тој очигледно го следи примерот на богатите и славни спортисти ширум светот, кои не штедат на луксуз.
Игор Кралевски од неодамна е и политички активен. Тој е Генерален секретар во комисијата за спорт, при ВМРО-ДПМНЕ.
Кралевски често може да се види во друштво на претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, како пешат на планината Водно.
П.П.