Кате ми е девојка, ама се сплеткав и со Весна, мајка ѝ, и сега сум во врска со двете

0

Катерина ми беше девојка. Таа имаше 20 години, прекрасно лице и неверојатни нозе. Се сложувавме во многу работи.

И тогаш ја запознав нејзината мајка и сè ми беше јасно. Кате беше нејзиниот вистински клон! Токму истото, со услов дека Весна (така се викаше нејзината мајка) беше убава жена во зрели години.

Потоа, кога ја запознав, ја слушнав нивната приказна: Тие се преселија скоро во нашиот град, по разводот на Весна со нејзиниот сопруг. Се омажила млада и ја родила Кате на 19 години. Таа не била среќна во бракот, па се развела и дојде во нашиот град.

Таа додаде дека веќе некое време и е доста од мажи, иако веќе има додворувачи. Бев фасциниран од неа и за време на приказната само кимнав со главата. Ми стана многу драга! Оттогаш, честопати останував со нив, а Весна ја мојата врска со Кате..

Давав се од себе да им помогнам, бидејќи им беше потребна машка рака во станот. Не се срамам да кажам дека малку ѝ се умилкував на Весна, сè за да дојдам до неа. Во мојата глава настана конфузија.

Ја сакав ќерката, а ја посакував и мајката. Често се случуваше да спијам во собата на Кате, па не одев дома до утрото. За време на тие ноќи уживав во шармот на Кате, замислувајќи ја Весна. Спиев со Кате, а секогаш се прашував како би било да се направи тоа со Весна.

Се случи тоа една зимска вечер. Автомобилот не сакаше да пали, па Весна ми рече да останам и да спијам кај нив. Останав, но спиев малку, затоа шти на Кате баш не ѝ беше до спиење, туку до друго.

Сепак, се раздени утрото и станав. Отидов во бањата, ја отворив вратата и потоа следуваа најдолгите десет секунди од мојот живот. Весна излезе од тушот и ја избриша косата… Со еден збор, видов СЕ !!! Успеав да кажам: Извини! Брзо се облеков и отидов дома.

Подоцна, ѝ објаснив на Кате дека сум морал да заминам поради некои обврски. Во следните денови, доаѓав кај девојка ми само кога Весна не беше таму. Тоа траеше некое време, сè додека Кaте не ми рече: Дојди вечерва на торта и пијалок, роденден ѝ е на мајка ми.

Ја чекав оваа вечер како на трње. Од една страна, таа сцена ми предизвика голема возбуда, а од друга страна ми беше непријатно да ја погледнам Весна. Сепак, вечерта пристигна.

Кога стасав, Весна ми ја отвори вратата. Се погледнавме некое време, сè додека таа не рече: Ајде, влези! Ѝ го честитав роденденот, ја бакнав во образот, додека мирисот на нејзиниот парфем се ширеше околу неа.

Имаше неколку нивни пријателки на роденденот, атмосферата беше опуштена, луѓето пиеја, па дури и пееја. Неколку пати ми се сретанаа очите со очите на Весна. Некако ми се чинеше дека таа ме гледаше со некое нетрпение, но јас брзо се вратив во реалноста:

Што не е во ред со мене?! Си го помислив тоа, но тогаш ќе ми се разденеше: Па добро, убаво сум изграден, висок, црн… Можеби ќе има нешто!

Како што пиев се повеќе и повеќе, ја гледав послободно. Хмммм … колку ја посакував! Времето помина, па гостите започнаа да си заминуваат. Само јас, Кате и Весна останавме во собата. Тогаш таа ми рече: Легнете си, јас ќе го средам ова. Јас и Кате си легнавме, и таа брзо заспа. Лежев крај неа некое време, па затоа што не можев да спијам, станав.

Во станот беше топло, па излегов во дневната соба по маица. Ја вклучив ламбата и застанав покрај прозорецот. Гледав како паѓа снегот надвор и повторно фантазирав за Весна. Тогаш гласот на Весна ме прекина во тоа мечтаење: И ти не можеш да спиеш? Да, одговорив.

Таа донесе виски, па го започнавме разговорот малку поискрено: Слушај, Весна, што се однесува до тој ден … Во ред е, таа ме прекина. Знам дека не беше намерно! Јас сум жена од скоро четириесет години, па не можеше кој знае што да видиш!

Па, не е така, ѝ реков. Дури тогаш видов дека таа е во ношница до колена. Молчевме некое време под впечаток на моите зборови. Ја чекав нејзината реакција, која наскоро следеше:

Ти навистина мислиш така, праша таа. Немав време да одговорам, а таа продолжи: Значи, момче на твоја возраст (во тоа време имав 24 години) може да зјапа во жена како мене?

-Може, и може да биде и повеќе од тоа“, повторно ми излета. Мислев дека ќе добијам шлаканица. Наместо тоа, таа ми пријде и ми рече: Тоа ми значи многу, Милан! Имав лошо искуство во бракот, дури и со други мажи!

Зачудено ја погледнав и таа продолжи: Да, да, и јас бев неверна во бракот, но тоа беа само некои авантури со некои глупави мажи. Никогаш немав некој млад.

Ми се приближуваше, го чувствував нејзиниот парфем! Бев како фасциниран, не можев да се движам. Нежно ме бакна во образот. Кога нашите усни се сретнаа, следеше бакнеж кој ме ослободи малку. А, Кате, твојата ќерка, ја прашав? Само ние двајца сега сме важни, ми рече таа, и имавме една неверојатна ноќ.

Бев на седмо небо, сонот ми се остваруваше. Потоа се сетив на Кате, станав и отидов во собата. Таа спиеше во истата положба во која се наоѓаше кога излегов од собата. Не можев да спијам, и се вратив кај Весна, отидов во неизината спална…. Милан, ти благодарам за ова! Ништо, Весничка, повели и друг пат.

Отидов во бањата да се средам малку, па се вратив во креветот на Кате. Сè уште не можев да спијам. Тогаш Кате се разбуди. Во една вечер, јас бев и со мајката и со ќерката… Најпосле можев да заспијам толку изморен, но слатко изморен.

Мојата авантура уште трае. Уште сум и со Кате и со Весна. Понекогаш се мислам, кој има поголема грижа на совест од нас двајца, Весна или јас? Кате се уште ништо не забележува, а ние тераме по старо. Не знам до кога ќе трае, ама знам дека не можам да седам на две столчиња засекогаш.

Фото: Freepic

Претходна статијаЈас не го загубив татко ми: Синот на Балашевиќ откри приказна за легендарниот Ѓоле
Следна статијаАна Бекута многу се покајала поради една своја одлука