Војо Цветоновски: Врнеше дожд, а ние стуткани во Клио возевме за Словенија кај Весна и Виктор

0

Војо Цветановски е нашиот најпознат пантомимичар, а има завршено на Национална академија за театарска и филмска уметност „Крсто Сарафов“ во Софија.

Тој повеќе од две децении, со своите улични претстави се обидува да испраќа пораки и да ги критикува општествените прилики. Во последно време, Војо Цветановски речиси секојдневно, поставува кратки сатирични статуси, на својот профил на социјалните мрежи.

Денес, Војо, најавувајќи го престојниот „Статуафест“, раскажа интересна приказна, од времињата кога настапите на артистите беа секојдневие:

Сеќавања. Светот мора да стане подобро место за живот. За сите!

„Влеговме во Словенија. Врнеше силен дожд тоа мартовско попладне. Словенија е позната по дождливото време, а и по зеленилото кое неверојатно ја краси.

Виктор возеше, Весна, Милена и јас бевме стуткани во малото Рено Клио кое Виктор го купи од Љубљана пред една година. Одевме на гости во Љубљана, во заедничкиот стан кој Весна и Виктор го делеа со Лили, кои, патем тој период живееја во Љубљана.

Често одевме во Љубљана тие години и тоа по неколку пати годишно. Истата таа 2013, летото настапивме на Ана Десетница, фестивал за улична уметност кој се оддржува во неколку градови низ Словенија. Ние настапивме со „Лулашката“ во Марибор, Љубљана, Изола и Копер, но сега тоа не е важно.

Тоа врнежливо попладне за прв пат се почуствував сигурен во трупата со која настапувам – Teatrosk. Во колата, не верувам дека случајно свиреше,
„А ŠТА DA RADIM“ од Azra.

Стиховите… „веќе ништо не ми е важно, најдов добар бенд. Јас само сакам да свирам, да се откачам и тоа е сè“ … ме потсеќаа токму на она што во моментот бевме ние. Четворица млади кои настапуваат по улиците на Европа, среќни дека се судруваат со предизвикот на новитетите кои улицата секогаш ги наметнува несвесно. На улицата правило е дека не постојат правила.

Стигнавме. Се сместивме во станот на Весна, Виктор и Лили на улицата „Јами 2“ на педесет метри од „Кино Шишка“. Ги оставивме работите и веднаш појдовме на „Метелкова“. Дождот стануваше се посилен. Тоа мене ништо не ми значи, напротив, супер ми е кога ме врне.

(фус нота:) Кој не бил на „Метелкова“ препорачувам задолжително тоа да го стори кога ќе оди, или минува низ Љубљана. Чудесна е, оние што ја знаат – знаат што кажувам.

Почнавме да се налеваме со пива. Надојдоа неколкумина со кои почнавме да разменуваме искуства, мислења итн. Се оп ивме. На разденување тргнавме да си одиме.

Васко, сега веќе сопругот на Лили ме праша зошто го правам ова, мислеше на уличната уметност.

– Преку мојата уметност сакам да го направам светот подобро место за живеење. Тоа ми е мисија. – одговорив. – Светот е полн со предрасуди. Живееме во време во кое луѓето се поделија по многу основи, по боја на кожа, по религија, по полова припадност … тажно е тоа, не мислиш?

Никој нема право никому за ништо да му суди. Секој има право да си го живее животот како сака. Негов е. – ништо не ми одговори, а јас продолжив. – Свесно им го препуштаме светот на оние кои избегаа од часот во кој на училиште, а и дома, се учеше она најважното:

ДА СЕ БИДЕ ЧОВЕК. Сето она што го сакаме, сите ние кои работиме ваква работа, а и не само ние, и многу други кои работат и многу повообичани, конвенционални работи, е добар рокенрол, да се откачиме и тоа е се’, а тие упорно не’ плашат со некакви си во јни, измислени болести … види Васко, од тие измислици никој жив не излегол, ниту телесно, ниту умствено, ниту тие, ниту ние.

Си отидовме. Васко разбра што сакам да му кажам. Вчера, април, 2017, истиот тој Васко ми пиша смс:

Слушнав дека организирате фестивал во Скопје. Сакав да те прашам, дали тоа значи дека успеа во мисијата за која ми зборуваше она утро кога се враќавме од Метелкова? Вратив:

Да, Васко, вистина е за фестивалот. – одговорив. „Урбан Фест“ (денес Статуафест – Другото лице на улицата) го именуваме, фестивал на живите статуи и останатите… кој ќе се одржи на 28 и 29 април, во центарот на Скопје.

Во оваа инцијатива не’ поддржа општината Центар, за што сме и’ многу благодарни. Некој, конечно го слушна она што сакаме да го кажаме. Оваа прилика ја користам да ве поканам со Лили да дојдете и да бидете наши гости за време на фестивалот.

Инаку што се однесува до тоа дали сум успеал да го променам светот, одговорот, секако е „НЕ“, тоа е борба која никогаш не завршува, борба која им ја пренесов на моите синови, да ја продолжат после мене, и тие да им ја пренесат на нивните деца, и нивните деца, на нивните деца, и така, се’ додека СВЕТОТ НЕ’ СТАНЕ ПОДОБРО МЕСТО ЗА ЖИВEEЊЕ. ЗА СИТЕ!

(фотографијата во прилогот е од нашиот настап во Љубљана на Ana Desetnica таа 2013 година) Добро Утро Скопје.“

Претходна статијаДарко Лазиќ на суд, не платил ниту еден динар алиментација за ќерката
Следна статијаВодителката Ирина била позитивна месец дена по имунизација – раскажа како поминала, исклучително лесно