Пере од „Нокаут“ објави слика од ќерките и ги нарече со интересно име

0

Никола Перевски-Пере е еден од нашите најпоуларни музичари. Со години наназад, брендот по кој е препознатлив е бендот “Нокаут”.

“Нокаут” е познат по многуте љубовни балади, а какви што се песните, таков е Пере и приватно, романтичар.

Познатиот музичар стана татко по трет пат на крајот на ноември. По двете ќерки кои се викаат Михаела и Каја, на третата, заедно со сопругата Јована ѝ го дадоа името Софиа.

Иако веќе имам две ќерки од првиот брак, повторно ја чувствувам истата трема и возбуда. Веќе сум искусен татко, постарата ќерка Михаела има 21 година, а помалата Каја, 13 години.

Пресреќен сум и возбуден. Ги гледам како растат двете. Уживам во креирањето заеднички планови, во кои секако се вклучени и тие.

Најголем дел од летото го поминавме во Охрид. Паралелно работам и на новиот албум.

Оваа 2020 година, иако на многу полиња беше тешка, на приватен план е една од најубавите во мојот живот, рече Пере во интервју за Женски магазин.

Принцезата на Пере и на Јована, откако стаса дома, Пере се пофали на Инстаграм. „Добредојде за мојата трета ќерка, моето трилече што мириса на млеко”.

Со овие зборови, Пере ѝ посака добредојде дома на Софиа.

Неодамна, Пере на Инста стори објави фотографија од својата трета ќерка Софиа, како ѝ менува пелени. Гордиот татко сподели уште една фотографија на која бебето Софиа се проѕева, а тој под фотката напиша: „Растеме во веѓите…“.

Сега музичарот често објавува фотографии од сопругата Јована и од ќерката Софиа, како и од Каја и Михаела како уживаат со сестрата.

„Бејби, ти си гроги“, напиша тој на Инстаграм покрај сликата со сопругата. Неодамна, Пере се пофали дека на својата ќерка ѝ купил нешто многу интересно.

Тој нејзината количка ја нарече „Ферари“. „Со на Софиа ферарито“, напиша Пере и објави слики како ужива во прошетката со ќерката низ центарот на Скопје.

Пере сега објави фотографија сo средната и со најмалата ќерка која ги стои неговивите обожаватели. „Кафа Софи локумадес“, напиша тој под сликата.

Фото: Инстаграм принтскрин

Претходна статијаОва се ќерките на Маја Оџаклиевска, со едната со години не зборува, а се грижи за нејзиниот син
Следна статијаМе остави поради постара жена, јас имам 40 години, таа 60 – баба може да им биде на нашите ќерки