Исплива фотка од убавата водителка Елена како невеста, на сликата е со интересно друштво (ФОТО)

0

Шармантната водителка Елена Стојановска- Јанковска речиси секое утро гледачите имаат прилика да ја гледаат на утринската програма на ТВ Сител „Ја сакам Македонија“, каде со својот професионален пристап ги информира гледачите.

Но, убавата Елена е доста активен корисник и на социјалните мрежи каде редовно пред јавноста открива детали од своето секојдневие. Таа е една од нашите најпопуларни водителки.

Ја сакаат сите генерации, поради нејзиниот шарм, а она што ја карактеризира Елена е младоликиот изглед и насмевката.

„Искрено, не можам да се пожалам. За среќа сум била секогаш убаво прифатена од колегите, од публиката.

Не сум се однесувала ска ндалозно и така и никогаш не прочитав за себе нешто што би ме вознемирило. Си ја работам работата најдобро што знам, па се надевам дека така ќе биде и понатаму“, рече Елена во интервју за ubava.mk.

Елена е мајка на Илина, која во ноември наполни девет години. Многумина, гледајќи ја ја доживуваат како многу млада девојка и не знаат дека е во брак со Огнен речиси десет години.

Огнен пак, не е поврзан со медиумска работа на директен начин како неговата сакана. Тој работи во една позната маркетинг агенција. Во една прилика, Елена објави слика од сопругот и се пошегува дека тој е убав како турски актер.

„Чао моја 2020 . Ти благодарам што беше нежна со мене! Дедо Мраз, за следната година мојата желба до тебе е еднаква на утопија, но ако ми ја исполниш и понатаму ќе тврдам дека постоиш. 2021 биди подобра за сите!“, посака Елена за Нова година на крајот на минатата година.

Елена која ретко зборува за приватноста, раскажа интересна приказна токму за сопругот, и тоа во живо, додека ја водеше Утринската програма на Сител, „Ја сакам Македонија“, со колегата Марјан Ников.

Елена и Марјан зборуваа за здравјето, за тоа колку цигарите се штетни и дека пушачите многу потешко го поминуваат вирусот кој владее.

„Мојот сопруг пушеше цигари, но никогаш дома, секогаш надвор. Потоа се откажуваше од цигарите и почна да пуши електронска цигара.

Во еден период почна повторно да пуши, и се случуваше да запали електронска цигара и цигара. Сега користи само електронска и се надевам дека така и ќе остане“, раскажа Елена која е поборник за здрав живот.

Слика од неа каква бола како невеста се појави на социјалните мрежи. Елена е со своите колеги: Вики Чадиковска, Живкица Каленикова, Петар Ѓошев и Билјана Настеска и на сликата слите изгледаат одлично.

Овој носталгичен спомен разбуди многу коментари на кои повеќето од нив велат дека во ова време кога социјалните контакти се сведени на минимум, сите многу си фалат еден со друг.

Фото: Инстаграм принтскрин

Претходна статијаВака зборуваше Ванчо Петрушевски пред да замине, за неговиот Гоце, за животот
Следна статијаТозовац не им остави ништо на синовите, имал силна причина за тоа