Легендарниот актер Гоце Тодоровски во една прилика рече дека едно нешто никогаш не може да прежали, а тоа е неговиот другар и колега Ванчо Петрушевски, кој по -чина на 25 авуст во 2018 година од струен удар во неговата викендичка во скопското село Орешани.
Гоце во една прилика, во емисијата „Еден на еден“ со Жаре зборуваше за својот другар и за сето она што Ванчо го направил за него.
– Ванчо е најзаслужен затоа што јас станав актер. Тој студираше прва година во Софија, и бевме на одмор во Бугарија, во Бургас, и тој имаше некоја книга од бугарски автор, и на враќање цариникот го праша:
Што ти е ова? Тој одговори: Литература. За што? Затоа што јас студирам во Софија, глума. А така ли, рече цариникот.
Ни ги зема нашите три пасоши, четворица бевме, сите ги врати, а неговиот не го врати.
И после четири години му го вратија пасошот, а тој мораше да запише втора година глума во Бугарија. А јас веќе бев втора година на Градежен факултет, и требаше да бидам инжинер, по волја на татко ми зашто беше воено лице и не смеевме да го одбиеме.
Ама, бидејќи бевме другари од 1962 година, заедно запишавме петто одделение, и уште од тие детски денови ние правевме скечеви разни.
На родителски состаноци настапувавме со скечеви пред родителите. И така, заедно бевме 54 години. Јас на комеморацијата кажав баш дека повеќе бев со него отколку со самиот себе“, изјави Гоце.
Многу емотивно и впечатливо е последното интервју на Ванчо кое се емитуваше на „Сител’ телевизија. Таму, тој зборува за делови од својот живот кои малку гледачи ги знаат.
-Само татко ми ме викаше Ванчо. Во основно бев Иван, во гимназија Иван на факултет Иван. Арно ама, другар ми Гоце Тодоровски со кои сме од девет години другари, бидејќи татко ми ме викаше Ванче, и тој Ванче.
Кога почнавме да работиме, покрај Гоце почнаа да ме викаат Ванчо сите. И Коле Ангеловски, на некоја тезга ме запиша: Ванчо, пиши таму. Ванчо, тргна Ванчо и цела кариера ми помина во Ванчо, и со Рамче.
-Она кога ќе дојде оној момент на популарност, во народот, кога народот почнува да ве сака поради она што го работи човек. И негативец да играш во нашата професија, можеш да бидеш популарен и сакан кај народот.
Сега, тоа има убави, позитивни ефекти, а има понекој пат и непријатни. Еве, вчера ме ка зни еден полицаец, затоа што застанав кај еден банкомат, банкоматот не работеше.
Се вратив во колата, ќерка ми ме чекаше, а тој трчаше од Буњаковец да стаса до Градежен факултет, и мафта со рацете да не смеам да тргнам.
-Што е, му велам. Не смееш да паркираш. Абе, не сум паркиран. Добро, му викам: Кога ќе се сретнеме некој пат, ќе седнеме негде и јас ќе речам: Е, овој ме к азни мене. Нема да ти биде срам?“, изјави актерот.
Потоа тој рече дека е најтешко да се насмее народот. „Најтешко е. Јас сум многу популарен , познат кај народот како комичар, а всушност, во театар ги имам одиграно сите драмски улоги. Сите награди ми се за драмски улоги.
Мене тоа лесно ми одше. Играв драмски улоги и играв коемедии“, иајзви Ванчо. Тој во интервјуто откри дека секој ден го почнува со соларна јога, позната како гледање во сонцето.
-Јас само некои сегменти од јогата употребувам, коишто ми се мене потребни, да речеме сегментот на дишење. Го учам мнгу одамна, од гимназиски денови, и некои вежби на јога коишто помагаат да речеме на абдоменалниот дел.
Јас дури и шпага се уште правам. Инаку во јогата има разни правци, како на пример гледање во сонце.
Таа е интересна затоа што дого трае, секој ден се накачува по десет секунди“, раскажа актерот и рече дека со неговата викендица во Орешани најмногу се релаксира со неговото хоби, сликарството“.
Многу негови почитувачи сè уште тагуваат по Ванчо, со кој израснаа многу генерации.
Фото: Јутјуб принтскрин