Ова е мајката на Татјана Стојановска, еве од кого ја наследила убавината (ФОТО)

0

Како секогаш одмерена, средана и сериозна жена ја знаеме Татјана Стојановска, познтатата презентерка на вести која некогаш беше Мис на Македонија.

Таа во едно интервју минататата година откри која е нејзината ахилова пета.

-Секој има своја “ахилова пета”. Слабост или “доблест” ми е грижата за животната средина и се згрозувам од немањето еколошка свест, некултурата и неодговорното однесување на поединци кон заштитата на животната средина.

Гледам да не се вознемирувам за ваквите појави но тоа е појако од мене. Сум имала неколкупати и непријатни коментари кога сум им укажала на поединци за нивното несовесно однесување, загадување, фрлање отпад на јавни површини.

Не се плашам од ништо, што треба да дојде нека дојде во животот. А можеби особина, која не дека не ја сакам кај себе , туку сметам дека не секој ја прифаќа, е тоа што сакам да ја кажам секому вистината во очи и да ја докажам правдата, но понекогаш човек нешто мора и да премолчи за да балансира во животот“, рече за себе Татјана во Женски магазин.

„Јас и не се сметам себеси за човек кој е оддаден само на кариерата.

Секогаш сум настојувала да се впуштам во работата до таа мера до која таа не би ми го нарушила спокојството и не би ми го одземала времето за семејството и приватниот живот. Така што не правам жртви за сметка на кариерата.

За се’ си има време ако добро се организираш. Засега тоа добро го менаџирам“, рече Татјана за „Точка“ во едно постаро интервју.

Таа веќе осум години е во врска со Михаил Китаноски, кој се занимава со консалтинг.

„Со Михаил сме заедно 8 години, од кои 7 години живееме заедно. Се запознавме на одмор во Турција 2012, каде бевме со децата и таа пријателска дружба премина во врска, а по една година продолжи и како заедничко живеење.

Секако поради одредени околности, прилагодувања, не дојде до официјализирање на врската, но заедничкото живеење без формализирање е неформален брак секаде во светот, нели?

– Она што нас не поврза е искрениот однос, заедничките интереси во животот, семејните вредности, грижата за децата. Секако кај него ме плени и комуникативноста, смислата за хумор, а пред сѐ интелектот, приземјеноста во сѐ.

Со еден збор човечноста и емпатијата за секого, секому да се помогне. Грижата еден за друг, поддршката, љубовта и негувањето на сето тоа е она што не спојува“, изјави Татјана.

Поради нејзиниот правилен македонски јазик и елеганција ѝ се восхитуваат и мажите и жените.

Татјана неодамна беше кај познатиот стилист Александар Дадар да се нашминка и да ја среди косата пред вести, а неговото студио објави слика на која таа изгледа прекрасно.

„Денес на редовна посета во нашиот салон, Татјана Стојановска. Секогаш мила, пријатна и прекрасна“, напиша стилистот под објавата.

Татјана неодамна ја смени својата профилна слика и многумина со восхит коментираа и ѝ даваа комплименти.

Една од нив е и нејзината мајка, која се вика Катерина.

Катерина е убава и одмерена дама, и по нејзините фотографии се гледа од кого Татјана ја наследила убавината.

Татјана е многу горда на својата мајка, но и Катерина на својатата убава и успешна ќерка.

Фото: Фејсбук принтскрин

Претходна статијаОва е најбогатиот музичар на Балканот, ја шие и Лепа Брена, еве колку вили има и колку „тежат“
Следна статијаМарија Шерифовиќ кажа кој треба да победи во „Звезде Гранда“