Радмила која има 45 години, останала без работа во 2009 година откако фирмата каде работела отишла во под стечај. Не можела да најде работа по струка, па со месеци талкала обидувајќи се да заработи пари за основните потреби.
Кога видела дека на тој начин не може да ги издржува своите двајца средношколци, одлучила својата диплома да си ја закачи “на ѕид” и да почне да чисти по куќи.
Веќе десет години Радмила ја врши оваа работа, а како што таа вели доживеала убави, чудни, но и ужасни искуства. Има постојани клиенти, добро заработува, но некогаш и се слошува од она што ќе го затекне кај нив. Ова се некои од нејзините најлоши искуства.
“Пред неколку години ме повикаа да исчистам изнајмен стан во кој престојувале 4 млади девојки во период од 10 дена. Овие девојки кога ќе ги видите на улица ќе си помислите дека се излезени од некој избор за Мис. Но, кога влегов во станов ме чекаше огромно, непријатно изненадување.
Стан од 33 квадрати, го чистев точно 4 часови. Толку беше валкано и гадно, што во еден миг заплакав од мака. Не се знаеше која просторија е полоша. Во спалната соба, покрај еден тон влакна, најдов искористени влошки под креветот, како и валкани гаќи.
Постелнината беше валкана од шминка, па претпоставувам дена навечер не ја ни ваделе, туку само додавале нов слој.
Тоалетот беше ужасен. Имаше траги од повраќаници, истурена и закоравена пудра, кал под туш кабината. Имаше многу гаден мирис, па претпоставувам дека често имале проблем “да ја погодат” ВЦ шолјата. Имале гости женскиве.
Сепак, во кујната ме чекаше најголемото изненадување. Видов една планина садови во садоперот, а кога почнав да ги средувам, видов дека има и многу ѓубре. Видов дека кантата наменета за ѓубре ја оставиле празна, а сè фрлале во садоперот.
Одеднаш, кога стигнав до крајот, во садоперот видов дека има големи бели црви. Е тука ми се поткрена желудникот. Ври снав и после неколку минути се собрав и продолжив со чистењето. Повторно црви, смрдеа и прашина која може со лопата да се собира.
Да бидам целосно искрена, мислев дека средбата со црвите ќе ми биде прв и последен пат, но потоа следеше уште полошо искуство од она со девојките.
Изненадувањето ме чекаше во еден стан на млада студентка, во кој живееле 2 години, а за која сопствениците што ме изнајмија рекоа дека била некоја дотерана, убава и паметна девојка. Затоа тие биле толку непријатно изненадени кога виделе во каква состојба го оставила нивниот стан.
Имено, кога влегов, прво што ми падна во очи беше натрупаната прашина и влакна по сите агли. Делуваше како две години воопшто да не користела правосмукалка. Мирисот на застојано ми ги солзеше очите и практично беше неиздржлив. Никако не можев да разберам како некој во таков простор би можел да живее и само 15 минути!
Кујната беше целата залепена, а садовите не беа испрани еден месец. Некои тенџериња мораше да ги фрлам бидејќи до таа мера беа загорени, масни и валкани, што беше невозможно да се измијат.
Теписите, некогаш со беж и кафеава боја, беа поцрнети а секаде по куќата можеа да се најдат картонски кутии од храна, шишиња од сокови и слично.
Сепак, најлошиот дел ме пречека кога излегов на тераса. Тука имаше една мала депонија околу која се ширеше неподнослива смрдеа. Мислејќи дека сè е собрано во една кутија, кога ја подигнав за да ја фрлам од неа пропадна целото ѓубре прав врз моите нозе!
Беше лигаво, слузаво и одвратно, а најлошо од сè што на патиките видов како ми мрдаат пак од оние големите бели црви. Не можев да се контролирам и врисн ав толку силно што соседот веднаш дотрча на тераса.
Ми помогна да ја исчистам терасата, така што ми донесе лопата, па во неколку серии го изнесовме ѓубрето до контејнер.
На крај кога влегов во тоалетот – ме удри мирис на урина. Насекаде имаше жолти дамки, а мислам дека не беше чистено најмалку една година. Огледалото од нечистотија беше целосно неупотребливо, а плочките беа прекриени со залепени влакна. После чистењето на овој стан, морав да си дадам самата себеси одмор од 5 дена.
Иако за жал се уверив дека жените се повалкани од мажите, меѓутоа ни за нив не може да се каже дека се некои чистоти. Сега брзо го чистев станот на едн млад маж, кој по цел ден работи и нема време да го одржува станот. Тој, за разлика од многуте жени кои ме викаат, кои пред моето доаѓање го средуваат и чистат станот, – го имаше оставено онака каков што е.
Кога влегов и видов куп расфрлани работи, не се изненадив претерано, бидејќи тоа е вообичаено за мажите. Сепак, кога “загребав” под површината, имаше што да видам!
Момчево како да било во кавга со чорапите! Ги имаше насекаде низ куќата, валкани, смрдливи машки чорапи. Дури најдов и во фиоката со лажиците. Забележав дека веројатно заспива со цигара во рака, зошто целиот мебел беше изгорен со дупки, почнувајќи од теписите, па сè до паркетот.
Го потргнав каучот во дневната соба, а тогаш за малку ќе повратев. Тука имаше куп отпушоци од цигари, валкани марамчиња, прашина за извоз, па дури и еден искористен кондом! Чистев и го молев Бога нешто да не ме укаса.
Сепак, најлошо беше во бањата. Со првото отворање на вратата ме удри многу непријатен мирис, па веднаш побрзав да ја затворам. Зедов еден пешкир, со стегач за коса го врзав околу глава, а потоа внимателно започнав да чистам. Ова момче како мижејќи да обавува нужда! Мокрача имаше на сите страни, ужасно.
Уште и бараше да не го повредувам пајакот Перо во неговата соба, бидејќи го смирувал пред спиење, ама јас секако заборавив и го всмукав кога ја чистев прашината. После тоа ме викаше уште неколку пати, ама секогаш измислував некој изговор.
И.П. Фото: Илустрација