Тијана Дапчевиќ неодамна беше гостинка во емисијата Еден на еден која ја води Жаре и таму раскажа многу нешта, а дел од нив се за тоа како поминало снимањето на петтата сезона „Преспав“, каде што таа ја глуми германката Ула.
Тијана рече дека било тешко да се снима во услови на пандемија, но и раскажа случка врзана за Талат- Дритон.
-Многу беше мачно, најмачно беше тоа што не се дружевме. Ние веќе се познаваме као огромна фамилија, а овој пат имавме договор да се движиме само дома и на снимање.
Секогаш кога снимаме, снимаме по 35-40 дена. Но, ние никогаш не сме си повишиле тон еден на друг, функционирме одлично.
Освен помеѓу брачниот пар Ула и Коста. Јас и Игор се однесуваме навистина како брачен пар, тој кога ќе ждригне јас му викам: Свињо една“, рече Тијана и раскажа како Јелена Јованова ја научила како да стане тата-мата за учење на улогата.
„Јелена ни вика дека јас и Игор сме како вистински брачен пар. Инаку, таа и Васил најмногу ми помогнаа“, рече Тијана и раскажа интересна случка.
-Еднаш завршивме порано со снимање и му викам на Дритон (Талат), ајде да се враќаме пешки од телевизија дома, место да не возат. Наидовме на една кафана, внатре празно, жив човек нема.
Му викам, ај да велземе на кратко, една ракија, едно мезе, малце да се опуштиме. А не смеевме, според договорот само дома и снимање. Ама во кафаната баш немаше жив човек, за што си направив и снимка.
Ни се јавува Васил: Кај сте? Му кажавме, а потоа дојде и тој. Поседовме еден саат. Утредента разбрале од продукцијата дека сме го прекршиле договорот, и среќа не бевме казнети, само опоменати“, рече Тијана.
Тијана Дапчевиќ го сподели своето искуство поврзано со губењето на вишокот килограми што ги качила за време на бременоста. Тијана изјави дека за време на периодот кога била бремена, се здебелила 45 килограми и дека имала 115 килограми пред да се породи.
Таа додаде дека се чувствувала гладна скоро 24 часа на ден и дека честопати посегнувала кон нездрава храна.
– Буквално носев друга личност во себе. Немав врат и рацете ми беа како бутовите. Тогаш решив да направам нешто во врска со тоа.
Сепак, почнав да губам тежина само кога сфатив дека не ми треба диета, туку да го сменам мојот животен стил.
Ние жените имаме неверојатна блокада на главата кога ќе се спомене зборот диета. Тогаш размислуваме само за храна и што ќе јадеме, а што не треба – изјави пејачката за „Хит Информер“.
Тијана, како што се наведува, го започнува денот со овесна каша со чија и црвено овошје, таа обично јаде мисирка со зеленчук за ручек, и морска храна за вечера.
-Имав криза на почетокот, но дадов се од себе да издржам. Сите треба да јадеме без шеќер, брашно и млеко.
На тој начин ќе ја достигнеме посакуваната тежина, сепак, како и другите жени, јас често се опуштам и се здебелувам – рекла Тијана, чија цел е да изгуби уште девет килограми.
Фото: Инстаграм принтскрин, Јутјуб принсткрин