Брена се имунизираше и објасни зошто се решила на овој чекор

0

Една од најголемите sвезди на поранешна Југославија, Лепа Брена, вели дека иако дувнала сериозен број на свеќички на роденденската торта неодамна, состојбата на умот е поважна.

Таа истакна дека оддамна се справила со сите животни предизвици.

„Сериозна бројка е сериозна бројка. Она што е многу важно е да се чувствувате добро.

Да ви биде во добра состојба духот, да имате внатрешен мир што е многу важно за секого“, изјави Брена која има 60 години.

Брена минатата година од зимата во Белград и во моментов со сопругот Боба Живојиновиќ е на егзотичен одмор на Малдиви. Брена на Инста стори се пофали како опуштено одмара на оваа егзотична дестинација.

Пред да заминат на одмор, српските медуми за Брена напишаа дека иако е најголемата ѕвезда, таа е вистинска жена од народот!

Ја фатија како пазарува на пазар, како и остатокот од светот, и не се издвојуваше од другите што беа таму, како што познатите често знаат да направат.

Брена купуваше шминка, додека цело време носеше медицинска маска, поради добро познатата пандемија.

Купи и некои јужни овошја и цвеќиња, а се чини дека уживаше и во шопинг на белградскиот пазар. Брена имаше кадрава фризура, а нејзината облека не се истакнуваше во толпата.

На Фејсбук коменатитре велат: зошто Брена да купува шминки од пазар покрај толку добри козметички брендови кои може да си ги дозволи?

Лепа Брена ја прими вакцината, а сега ги сподели своите впечатоци по ова.

Брена била ревакцинирана со вакцината Фајзер, а најголемиот мотив да го стори тоа што побрзо е тоа што сака да ги прегрне драгите луѓе, без да го загрози нивното здравје.

-Сите во мојата куќа се вакцинирани, дури и оние кои работат за нас се вакцинирани, така што секој има право да одлучи што да прави со својот живот и со своето тело. Сакам да ги прегрнам оние што ги сакам, да им искажам љубов.

Имам семејство, пријатели, внуци, сакав да се заштитам себеси, но и нив од какви било проблеми. Остатокот од животот сакам да го поминам стабилно и безбедно – изјави пејачката. Музичката ѕвезда исто така ги покажа антитела, а резултатот беше околу 18 000.

Фото: Инстаграм принтскрин, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаСрпските новинари отидоа кај сопругата на Тозовац, излезе Мерима Његомир
Следна статијаПроф. Даниловски одговара на дилемата, дали оние кои го прележале вирусот, треба да се имунизираат