Ване Цветанов проговори за врската пред Дунавка

0

Поранешната манекенка Дунавка Трифуновска и Ване Цветанов, поранешниот директор на Агенцијата за спречување перење пари, уживаат во својата љубов.

Дунавка го отвори срцето за поранешниот директор на финансовата поли-ција и в.д. претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата во Македонија, Ване Цветанов.

Тие двајцата од неодамна се во љу-бовна врска и уживаа во нивниот прв заднички одмор на море во Турција, што и едниот и другиот, јавно го обелоденија на социјалните мрежи.

Дунавка насмеана од уши до уши, во прегратките на новото момче објавувајќи ја „морската слика на љубовта“, на својот Инстаграм само кусо напиша дека е „среќна со сродната душа“!

Дунавка Трифуновска и Ване Цветанов на почетокот на годинава во нашиот туристички бисер Охрид, се св-ршија. Пред пет месеци нивната врска ја обелодени токму Цветанов.

 

Ване Цветанов ја објави веста за свршувачката со Дунавка на својот фејсбук-профил. По објавата во која тој го напиша следново, пристигаа бројни честитки: -2020-та година е една од најзначајните за нас.

Благодарение на Бога, токму тоа лето Господово го отворивме најубавото љубовно-животно поглавје.

Се надеваме дека Бог ќе нè благослови со сето она што е потребно за да напишеме убави страници и во новата 2021-ва година. На сите добри луѓе им посакуваме многу среќа, љубов, здравје, бериќет, успеси, радосни и многу позитивни моменти во новата 2021-ва година!

Во една прилика пак Дунавка за љубовта за Ване кажа: „Со Ване се познаваме две години ама онака, од видување, излегувавме на исти места. Тој не е мој профил на дечко, сум го гледала со други очи, на поинаков начин.

По две години на слава на „Св. Никола“ братучед ми правеше голема жур-ка и Ване дојде со друштво. И толку беше. Некаде после „8 Март“ му се јавив ама си правевме обичен муабет.

После тој ми честиташе Велигден. Од тие неколку разговори сфативме колку за многу работи исто размислуваме, дека важни ни се исти вредности, почитување дом, во поглед на животот, ист стил на живот, вели Дунавка.

Ване Цветанов на својот профил на социјалните мрежи, објави интересен статус, во кој бара прошка, што не ја известил јавноста и пријателите, дека на 9. март, се регистрирале со Дунавка.

Очигледно, датумот не е случајно одбран, бидејќи според погоре напишаното, се работи за годишнина од нивната врска:

„Почитувани пријатели, во очи на утрешниот голем Христијански празник Прочка,
Ве молам да ми простите што не Ве информирав во вторникот на 09.03.2021, дека со Дунавка Трифуновска, во Црковниот Храм Свети Димитрија СКЛУЧИВМЕ ЦРКОВЕН БРАК!

Целокупниот тек на цере-монијалните и црковните активности беше усогласен согласно ко-вид прото-колите. Од 09.03.2021. ВЕ САКАМЕ!“

Ване за „Репортер“ ја раскажа целата љубовна приказна со Дунавка.

– Минатата зима Дунавка ми се јави да ме консултира за една професионална тема. Бев позитивно изненаден од нејзиниот професионализам и културен пристап. Почувствував висок степен на интегритет од една страна, а од друга страна огромна човечност којашто ме фасцинираше.

Во тој период бев во стра-шна емоционална криза бидејќи бев кид-на-пир-ан од личноста со која што бев пред Дунавка.

Од две години врска, последната година буквално ја молев на колена да ја прекинеме врската на културен начин, но, таа ги искористи сите вал-кани методи за да ужива во моите привилегии“, раскажува Цветанов.

 

„Не сакав да повре-дам никого, сè уште не бев ни свесен со какво з -ло си имам работа. Па така, телефонскиот разговор со Дунавка од предвидените пет минути за професионална комуникација се претвори во пријателски разговор од два часа бидејќи беше викенд.

Дунавка ја знаеше комплетно тежи-ната и ком-плицира-носта на ситуација и таа од почеток ме прифати како човек и во период од неколку месеци ми даваше човечка поддршка“, рекол Цветанов.

Тој открил дека по црковната венчавка, следи склучување на граѓански брак.

Фото: Фејсбук принтскрин, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаНемам појма дали ќе успеам: Кристина Арнаудова не се плаши од ништо
Следна статијаБилјана Беличанец вака зборуваше пред да замине: На несреќата и на тагата свесно сум им фрлала ракавици