Не сакам да гледам тажни луѓе кои си заминуваат од овој свет сами: Познатата македонска актерка упати силна порака

0

Познатата македонската актерска, една од најдобрите и најпочитуваните вои својата фела, Милица Стојанова во 2018 година стана лауреат на наградата „Голема ѕвезда“. Наградата ѝ ја додели Друштвото на филмските професионалци на Македонија.

Во шесте децении плодна професионална актерска кариера Стојанова (88), има реализирано огромен број улоги меѓу кои:

36 ролји во МНТ, 61 улога во Драмски, околу 10 гостувања во други театри, 13 филмски улоги, околу 3.000 улоги во радиопрограми, 26 во ТВ-драми, 16 во телевизиски серии, 9 натсинхронизации на главни женски улоги во југословенски филмови.

Родена е на 6 јуни 1932 во Крива Паланка, таа се запишува на Средната државна театарска школа во Скопје.

„Во Крива Паланка не постоеше никаков театар, никакви информации за тоа што е уметност, барем за мене, која, тогаш бев во осмолетка. Ама во училишните приредби, кога дававме некои мали сценки, мене секогаш ме земаа да играм.

Тие мали сцени ги дававме за учениците, но и една за градот, што претставуваше некаква театарска дејност. Се случило на тие претстави да ме забележи еден свештеник, поп Славчо, прекрасен човек кој беше и наш сосед.

Во 1948 година, јас седам на главната улица во Крива Паланка и тој ми приоѓа со весник в рака и ми вели: ‘Милице, излезен е конкурс за Средна државна театарска школа во Скопје.

Тебе местото ти е таму. Да му кажеш на чичко ти’. А, јас бев посвојче на баба, која живееше кај чичко ми, па и јас живеев таму. Замислете, свешетеникот мене ме насочи каде да одам…

И му кажав на чичко ми, кој ми даде дозвола да одам, иако ни тој не знаеше каде, ниту, пак, јас знаев, но поп Славчо знаеше“, изјави таа во интервју за весникот „ВЕЧЕР“ минатата година.

-Разни нешта беа и минаа за овие 88 години… И радосни и тажни… Не беше секогаш лесно, ама секогаш беше со истрајност и волја… И вој на и рушење и мир и градење… Треба да се оправда раѓањето и да се заслужи упокојувањето…

Да бидеме сите смерни, достоинствени, трпеливи и одговорни во овие не лесни времиња… Имало и потешко од ова… Само трпение и грижа за ближните…“, објави таа на Фејсбук по повод својот 88 роденден.

Стојанова денеска на својот Фејсбук профил објави фотографија од вакцинирањето и напиша емотивен статус кој е поврзан со нејзината животна приказна.

-Поминав една вој на, онаа Втората светска… Го искусив татнежот и плачот на земјотресот… Видов разни стра дања, искушенија, поединечни и заеднички… Но, ова не сакам на зајдисонцето од својот живот пасивно да го гледам…

Не сакам да гледам уште една вој на со невидливото. Не сакам да гледам тажни, изолирани луѓе кои мораат да зминат од овој свет сами, без своите околу нив… Светот мора да го одблокираме. Мораме повторно да бидеме заедно и спремни да создаваме нови убави нешта. Јас сакам се’ уште да се радувам во заедница, а не да самувам.

Затоа да бидеме одговорни и да се вакцинираме, оти не гледам друго чаре и за себе и за оние околу мене…

И да не бидеме себични. Конечно да покажеме разум и солидарност какви што покажуваат овие прекрасни здравствени работници кои денес беа со мене, а секојдневно се обидуваат да спасат стотици и илјадници животи.

Да покажеме доблест барем кон нив. Да покажеме доблест кон животот и кон секој еден во заедницата, затоа што грижејќи се за себе се грижиме за другиот“, напиша на Фесјбук познатата актерка.

Фото: Фејсбук принтскрин, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаДали Марија Шерифовиќ и Карлеуша разговаараат или уште се скарани?
Следна статијаЖена му на Огњен Амиџиќ се огласи луто на Инста, имаше и зошто