Адријана Будимир прозборе за своето чедо кое живее со аутизам: Тие деца не треба да се одбегнуваат

0

Адријана Будимир е една од нашите најпознати ракометарки, која беше дел од тимот на „Кометал Ѓорче Петров“, во времето кога ја освоија шампионската титула на Европа, во 2002 година.

Таа е единствената жена која во моментов е тренер на машка екипа, и е горда на успесите на нејзиниот клуб РК Скопје.

Андријана во 2013 година се омажи за скопскиот угостител Јохан, а медиумите тогаш пишуваа дека свадбата се одржала во летната дискотека Колосеум.

Кум на свадбата беше ракометарот Наумче Мојсоски, а старосватица ракометарката Мими Чупиќ, поранешна колешка на Будимир.

Нивниот син Максим се роди во 2014 година. Неколку месеци откако се породи, ракометарката на својот Фејсбук профил објави фотографии од синот Максим.

Андријана и нејзинот сопруг Јохан, уживаат да го поминуваат времето со својот син.

Синот на Андријана и на Јохан на први маррт наполни 7 години. Таа на својот Фејсбук профил ретко објавува фотографии од своето семејство, повеќе од спортските успеси на нејзините ракометари.

Денес, за првпат се појави видео во кое Андријана зборува за синот, на Фејсбук профилот на Градоначалникот на Општина Карпош. Видеото е дел од проектот „Сите сме еднакви“ со кој се апелира дека физичката активност е важна за децата со поп реченост.

Будимир во видеото отворено зборува за својот син кој има аутизам, и за тоа како тој е прифатен во општеството.

-Еден пример, кога сите имаат роденден, веќе родителите знаат дека син ми е на специјална исхрана, не смее да јаде чоколади, глутен.

Кога некој има роденден, носат бананчиња за сите деца, и за мојот син исто така една банана, за да знаат дека и тој е дел од роденденот. Кога доаѓаат часови по физичко образование, едноставно е тргнат на страна, затоа што професорот по физичко не може да манипулира со 35 деца, и со него посебно.

Мое мислење е дека треба да се воведе уште еден професор по физичко кој ќе биде задолжен само за деца со поп-реченост, значи тие деца да бидат комплетно инволвирани во наставниот процес по физичко образование.

Ова е една голема иницијатива и мислам дека не само општина Карпош туку и сите други општини на национално ниво треба да ја развиваат оваа програма. Како што кажа Вања, многу е битно, тој е и понатаму невербален.

Мислам дека со физичка активност ќе му се помогне да почне да зборува, се повеќе да се инволвира. Родителите се тие кои се повеќе треба да се едуцираат, па после да пренесуваат на своите деца дека тие деца не треба да се одбегнуваат“, рече Будимир.

Фото: Јутјуб принтскрин, Фејсбук принтскрин

Претходна статијаНаследив големи пари од дедо ми, тој ми ги даде – немам зборови колку сум разочаран од мајка ми и татко ми
Следна статијаНашиот најпознат доктор со прогноза, кога може да се очекува пикот од овој бран