Кристина Димитријевска која ја освои тутулата на Мис Балкан, е една од нашите најпознати манекенки и фотомодели.
Таа интензивно ѝ се врати на својата стара работа откако се разведе од пејачот Даниел Кајамкоски со кого има син.
Даниел во 2015 година, се ожени со Кристина. Но љубовта кратко траеше, па се разведува по три години брак, а на оваа тема Даниел проговори само еднаш и во таа прилика кажа:
Заедно ја донесовме одлуката да се разведеме, зошто знаеме дека тоа е најдобро за нас. Најважно е да бидеме секогаш добри родители на нашето дете.
Комуницираме постојано, одлично се разбираме и функционираме како родители. Кристина пак, освен што е во модниот свет е и пејачка.
Минатата година, Кристина најави нова песна со Сплеш Бојан, која ќе се вика Амнезија.
По овој повод, манекенката комплетно го смени имиџот. Ја исфабра косата во потемна, и почна интензивно да вежба, и тоа да го покажува на социјалните мрежи.
Кристина минатата година за време на пандемијата освои необична тутула за Мис, Мис карантин.
„Да се биде број 1 е секогаш предизвик. Кога го прочитав своето име не верував, сè додека не ми потврди Мики Црнокрак.
Минатата година бев „Мис Балкан”, а оваа година добив титула на светско ниво.
Да се биде „Мис карантин на светот” е ново искуство и титула која секогаш ќе ја паметам. Конкуренцијата беше преку 200 девојки од целиот свет“, изјави Кристина за тоа искуство.
Се чини дека таа, откако ѝ се врати на старата љубов, манекенството, процвета. На Инстаграм, рекламирајќи ја својата нова фризура, Кристина напиша:
„Доколку правите промена.. тогаш промената нека биде на подобро!!“
Кристина Димијевска на почетокот од март ја промовира нејзината четврта песна „Амстердам“. Песната го привлече вниманието и поради провокативниот спот, во кој Кристина се појавува провокативно облечена на снегот на Попова Шапка.
Песната „Амстердам“ Кристина ја работеше со младите музичари Алек и Тони. „Периодов се посветив повеќе на музиката, но, така се поклопија коцките.
Верувам дека сè се случува со причина“, изјави таа за „Репортер“, и најави нова песна која ќе биде нејзината животна приказна.
Кристина гостуваше во естрадниот магазин „Бекстејџ“ и искоментира дека е многу задоволна од својата нова песна. Манекенката зборуваше и за нејзиниот поранешен маж, Даниел Кајмакоски, но не сакаше да го спомене неговото име и презиме.
– Знаев дека веднаш ќе ме врзуваат за презимето кое одамна не го носам. Јас имам постогнато свои успеси во манекенството, десет години сум член на модното студио „Црнокрак“, снимам песни, завршив на Факултетот за туризам и менацмент, но медиумите пак ме врзуваат за нешто друго. Но, и тоа ќе помине“, рече Кристина.
Таа на прашањето дали е вљубена рече дека веќе четири години е взубена во својот син.
„Не сум уморна, едноставно кога си самохран родител и кога детето ти е центарот на светот, тогаш правиш сè, за да му овозможиш на него најдобро“, откри Кристина претходно во емисијата „Магазин“ на Сител.
На крајот на февруари, синот Давид наполни четири години, и тогаш медиумите пишуваа дека неговиот татко, Даниел Кајмакоски не бил присутен на забавата. Кајмакоски во тоа време беше во Србија каде што во последно време работи.
Кристина во „Бекстејџ“ одговори и на прашањето зошто Даниел не бил присутен на роденденската забава. „Јас сум му и мајка и татко на модето дете. Мислам дека оние што сакаат ќе разберат“, рече таа.
Фото: Јутјуб принтскрин, Инстаграм принтскрин