Елена Стефановска е еден од нашите најпознати и најзгодни водителки, а во последно време и инфлуенсерки.
Таа е позната по својата емисија „Живот со стил“ која стана нејзин бренд и нејзин заштитен знак.
Елена од неодамна има нов концепт на емисијата „Живот со стил“.
Таа обезбдува шопинг од половина час за натпреварувачите, поточнo таа ги части. Натпреварувачите ги оценуваат познати личности.
– Се гордеам што толку време успевам да ја одржам емисијата, да опстојува во етерот, да биде атрактивна и со гости и со содржини.
И се трудам секогаш да биде нова, примамлива, интересна и различна.
Тешко беше и на почетокот, но и сега е исто, секогаш треба да најдеш интересен сегмент и да ги убедиш потенцијалните спонзори за да го најдат својот бенефит за својот производ во мојата приказна наречена „Живот со стил“.
Но, најважно е да се работи работата што ја сакаш. И да ја работиш со професионален тим во продукцискиот дел.
А кога твориме со љубов, резултатите се неминовни“, изјави таа во претходно интервју за hybrid.mk .
Сметам дека пред сè, треба да се биде практичен во остварување и достигнување на зацртаните цели. Не сум научена да седам и да чекам, сè да ми биде сервирано на маса.
Иако има многу суета во светот на бизнисот, секогаш се трудам да се приземјам и суетата да ја оставам на страна, додека работам и создавам.
Амбициите ме водат за поголеми успеси, камерата ми е најголемиот заводник, а приказните на познатите ми отвораат нови хоризонти”, изјави таа во истото интервју.
– Жените се разликуваат најмногу од мажите според начинот на размислување. Битно е да изгледаат уредно, визуелниот изглед помага, но магијата е во главата на жената“, изјави Елена за Женски магазин претходно за начинот на заведување.
Преклани за прв пат, Елена Стефановска прозборе за својот дечко, Бојан Најдоски. Таа му посака среќен роденден на својот Бојан, и тогаш јавноста дозна за нивната врска.
Потоа,, Елена му напиша мини љубовно писмо на дечко и на Инста. „Остани таков каков што си, ама баш таков, ништо не менувај.
Те сакам до небо. Нека ти е најсреќен роденденот љубов моја“, рече Елена за саканиот.
Елена, која е среќно вљубена и исполнета, својот стил на заведување често го искаткнува на социјалните мрежи, а тоа го покажа ово најновата објава употребувајќи го популарниот reel на Инстаграм.
Елена напиша: Моите топ 5, и се изврцка во нејзините топ 5 модни комбинации, што ги бендиса нејзините следбеници. Имаше разни коментари на објавата, а еден од нив напиша: Барби!
Фото: Инстаграм принтскрин, Јутјуб принтскрин