Мариче од Валандово Америка не виде, стара мома си остана, Науме ја прелажа

0

Не запознаа едни пријатели, инаку кај ќе го запознаев Науме инаку. Јас сум родум од Јосифово, а живеам во Валандово, а тој е од Струга.

 

Во Валандово, веќе почнаа за стара мома да ме сметаат. Де ќерко, кога ќе се мажиш, кога внучиња ќе трчаат во дворо? Мајка ми и татко ми главата ми ја подуја со овие зборови, ама и комшиите досадни станаа до немај каде…

-Леле, Мариче стара мома си остана. Еднаш ја слушнав мајка ми како брише солзи и шепоти со тетка Магде, комшиката. Аманте луѓе, имам 30 години. Имав неколку врски, не ги биваше, ете, не се омажив.

Науме дојде во мојот крај, кај родините кои се мои комшии. Тој долги години живее во Америка, беше дојден дома на одмор. Ми беше глупаво, дечко комшиите почнаа да ми бараат, подобро на оглас да го најдев.

Науме некако ме бендиса на прва. Воспитан, духовит, едвај чекав да останеме сами без стријнициве подобро да го запознаам. И една вечер така и бидна. Успеал да им избега на роднините и ме покани на вечера, подалеку од нив, во Дојран.

Таа вечер во Дојран се случи нашиот прв бакнеж. Се мислев дали паметно правам, зашто утре тој за Америка ќе си отиде, а јас ќе останам да плачам по него. Ама, ете, срцето победи.

Потоа се некако брзо, како на филм се случуваше. Ме покани кај него во Струга, со неговите ме запозна. Струга, Охрид, Вевчани, дури и кај баба му на село појдовме. Беше многу искрен со мене, ми раскажа дека скоро раскинал со една девојка од Америка.

Тоа беа најубавите наши денови. Две недели пред да се врати во Америка, јас си бев отидена дома, во Валандово. Туку одеднаш ме побара Науме: Биди спремна за пола саат, идам по тебе. Во ресторанот каде што за првпат се бакнавме во Дојран, ме побара за жена.

И за тие две недели што следуваа, се случи се како на сон. Фамилиите се запознаат, бофчи се поделија, бевме ви Струга на гости на два дена со моите, што крапови се изедоа, што ракија и вино се испи.

Свадбата ја закажавме за на есен, по шест месеци. Си замина мојот Науме, секое утро од Америка за добро утро најубавите пораки ми ги праќаше. Дојде есен, се спремав за невеста, свадба најубава во Струга имавме.

И договор беше: Тој да појде прв, јас виза додека да добијам, да создаде услови заедно за заживееме таму. Така и бидна. Науме си замина, јас останав пак дома, ама овој пат мажена, мајка ми се смири, веќе не сум стара мома.

Се слушавме по три пати па ден, потоа по еднаш, а почна да се случува и на два дена. Го жалев Науме, работеше како келнер во еден ресторан, во две смени, за да може повеќе да спечали, побрзо и јас да му се придружам.

Еднаш три дена не ми се јави. Упорно го барав, почна паника да ме фаќа. Ми се вадеше дека е многу изморен, дека време за ништо нема. Потоа амо вечерта, по една порака ќе ми пратеше, и тоа сите му беа кратки, исти, како да ги копираше и само малку ќе ги сменеше.

Еднаш го немаше цела недела. Се криев од мајка ми, да не види дека плачам сама во соба. Поминаа уште два дена и конечно добив порака: Мариче, не бива вака. Со сила е се ова. Господ здравје на сите да ви даде.

И ми спушти, и две недели го снема. Вртев кај мајка му, кај сестра му, ми рекоа дека и на нив им е чуден, дека ретко се јавува, дека ги избегнува. Моите дознаа што се случило. На Фесјбук немаше никаква објава цел месец од него.

Се до тоа утро. Ни срам ни перде, Науме со Американката сликан на плажа, како си пијат вино, и текст сосема едноставен: Ти си моја сродна душа, ќе те сакам засекогаш. Не ја ни знам таа девојка, не беше тагната, ќе ѝ пишев порака: Ееј, човеков е женет!

Ми се јави мајка му брзо потоа. И сестра му. Плачеа двете. „Ти си ни снаа“, рече тетка Цвета. Не знаев како ќе излезам пред народот, пред сите комшии, пред сите роднини.
Плачев цел месец и слабо излегував од дома.

Со настинки се вадев, само две другарки ја знаеја вистината. Еден ден, едноставно ги избришав сите негови слики од Фејсбук и со го вратив старото, моминско презиме. Така дозна цел град, така почнаа озборувања.

Не ми беше гајле, а ни на мајка ми, што посебно ме радува. Иако го блокирав на Фејс, другарките што останаа пријатели со него викаат дека уште се прчи со Американкана: Мај лав, мај лав. Лигле!

Се разведовме спогодбено, јас до Струга отидов, него адвокат го застапуваше. Ништо не побарав, заеднички имот немавме. Пред да си заминам од Струга ми се јави тетка Цвета, мајка му. Кога се видовме, само ме прегрна и плачеше: „Од мало беше будала“, ми рече за син ѝ.

Среќна сум си вака сама. И верувам дека среќата пак ќе ме најде. Ама мајка ми пак се секира дека стара мома ќе останам. „Мариче, стара мома остана, оној Науме за американка ја прелажа“, цело Валандово зборува. Ама и за тоа ич не ми е гајле.

Обработи: M.Д.   Фото: Илустрација

Името и презимето познати на редакцијата. Не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама

Претходна статијаВасил Хаџиманов објави како ќе биде испратен неговиот татко Зафир
Следна статијаБосанац од Звезде Гранда е скоро половина век во брак, еве како ја ќарил сопругата (ФОТО)