Пееја пред цела Европа, никогаш не кажаа дека се пар, а сега ја напуштија Македонија и открија како живеат во Лондон

0

Марија и Бојан попознати како дуото Ај кју, ѝ станаа симпатични на јавноста по песните кои донесоа освежување на нашата музиччка сцена.

Пред Марија, во групата беше Леана Таќи, а таа е ќерка на Гранит Таќи, познатиот музичар од „Лева патика“.

Групата на почетоците на преработи „Не заборавај“, една од песните на Калиопи, а откако дојде Марија, преработија уште еден голем детски хит кој стана хит за сите генерации „Боби, баш ми е гајле“.

Потоа, се редеа и песните: „Само сакав“, „Убава“ , „Колку пати“…

Ај кју заминаа и на Евровизија, во Португалија во Лисабон.

Иако имаа интересна песна со наслов „Lost and Found“, тие не успејаа да влезат во финалето, но тогаш се зборуваше за една друга награда која ја освоија.

„Ај кју“, се победници во категоријата најлошо облечени изведувач на „Евровизија“.

Наградата се нарекува „Барбара Декс аворд“, а се доделува од 1993 година. Гласањето за оваа награда беше отворено по финалето на Евровизија, а во изборот учествуваа вкупно 43 учесници.

Марија Ивановска на сцената носеше розово палто, а некаде на половина настап се преслече во плетен џемпер со сиви шорцеви.

Бојан Трајковски носеше бела кошула и црни панталони, но, сепак се пишува дека дека Марија ја донела „победата“ на Македонија во оваа категорија. Македонија вторпат ја освојува оваа награда. Првпат ја освои Мартин Вучиќ во 2005 година.

Марија и Бојан никогаш во јавноста не кажаа дека се пар, но тие освен што соработуваат музички, се двојка и приватно, и кмаат свое музичко училиште каде што се обучуваат млади таленти.

Во септември минатата година, Марија и Бојан ја напуштија Македонија и се преселија во Лондон, каде ќе живеат и работат, откако неодамна добија виза.

Претходно, веста дека си одат ја потврди Марија, која за „Репортер“ вели дека е среќна што конечно тргнуваат.

„Летаме рано изутрина и едвај чекам да тргнеме. „Многу сум возбудена, највозбудена„ откри пејачката за „Репортер“.

Инаку, Марија и Бојан последниве две години често одеа во Англија каде што имаа настапи, но и снимаа со англиски продуценти.

– Сега веќе утрата ми изгледаат малку поинаку бидејќи се преселив во Англија и ми почнуваат со чај наместо со кафе хаха. Обично навивам аларм за да можам да станам порано и кога ќе ми се вклучи аларамот го ставам на „снуз“ за да се доспијам уште 15 минути и тоа е мојот прв ритуал.

Потоа следи средување за престојниот ден, понекогаш кафе ако ми треба повеќе време да се расонам па овошје и доручек.

Во оваа околина природата е прекрасна, луѓето се многу приемчиви и срдечни и секогаш те поздравуваат особено наутро и тоа некако ми го прави денот.

Во Англија и веќе почнуваме да работиме на нови проекти за кои соработуваме со доста искусни и интересни соработници и луѓе од музичката фела.

Мислам дека оваа есен ќе биде повеќе ориентирана кон снимање и работа во студио бидејќи настапите во живо се се уште невозможни поради целата ситуација“, изјави Марија од Лондон за skopjeinfo.mk.

Пред да зминат во Лондон, Марија и Бојан настапија на фестивалот „Макфест“ во Штип, кој минатата година се одржуваше на отворено. Сега, судејќи по сликите на социјалните мрежи, тие уживаат во убавината на Лондон и чекаат подобри времиња за да ја изненадат публиката со нови песни.

Фото: Фејсбук принтскрин

Претходна статијаАлександра од „Брза кујна“ објави слика со ќерката, друштво ѝ правеше колешка со синот
Следна статијаМарко си ги собра парталите од Германија и си се врати дома: Не сакав како куче да живеам