Новинарот Огнен Јанески е еден од оние кои на Фејсбук даде свој коментар по повод ска ндалот со песната на Васил Гарванлиев на Евровизија со песната Here I Stand, откако Гарванлиев изјави дека има двојно државјанство, македонско и бугарско.
– Има една фина, библиска и вели: „Кој од вас е без грев, прв нека фрли камен.“
Кај нас тоа деновиве би било вака:
„Кој од вас не познава ниту еден околу себе со бугарски (или друг некој) пасош, нека фрли камен.“
Дното се допре во тој момент кога се отвори петиција за Васил Гарванлиев да нѐ не претставува на Евровизија, поради тоа што имал два пасоша, меѓу кои и бугарски.
Истото ова, се користи во исклучително политички цели на интересовните групи во двете земји, во исклучително тежок период за Македонија, поради односот на Бугарија кон нас и игнорантниот однос на ЕУ што е ужасен, а дополнително се става во контекст на двојните државјанства на луѓето кои се на функции во Македонија, а имаат и бугарски пасош, за што трачареше и Каракачанов минатата недела.
И ја прифаќам надразнетоста на луѓето кај нас и дувањето на јогурт. Во ред, но, ваквото нагорно-растечко реагирање е многу лоша работа, особено доколку прераснува во параноја, која доведува и придонесува кон сериозен линч и насилство преку интернет, кое многу лесно може да премине и во физичко, доколку не се преземат мерки е неприфатливо.
Интервјуто на Васил никому очи не му бодеше минатата година, кога исто така ни беше претставник, ни пак интервјуата кои ги даваше и годината претходно, кога беше пратечки вокал на Тамара.
Но, интервјуто сега се вади на површина откако проблемот со Бугарија зеде невидени размери и баш сега за да има народ да глода коски за Евровизија, наспроти немањето вакцини, наспроти исклучително сомнителните тендери, наспроти одговорност во министерство за здравство за трите органи…
И вие додадете сѐ друго што мислите дека треба. Песната е одлична, а и спотот исто така, вокалните способности се бесценети.
Ете, се реагираше на реакциите на луѓето за делото на Жанета Вангели во спотот, се отстрани.
За тие кои зборуваат за укинувањето на учеството на Евровизија, нека помислат како би им било нив некој да бара укинување на учествата на спортските натпревари каде нѐ претставуваат како македонска екипа.
И ако навистина сметате дека Евровизија е неважна, тогаш зошто воопшто имате проблем со настапите и со спотовите? И да, Евровизија примарно е музичка, но е и исклучително политичка манифестација.
Затоа е учеството и затоа е прифатливо тоа што беше важно да се реагира на спотот, кој се промени.
А се промени, зашто е важно мислењето на тие од чии пари се организира настапот. Но, кога е премногу – премногу е.
Никој не заслужува да живее во ст рав за својот живот, под силни клевети, навреди и за -кани! Уште пострашно е молчењето на институциите, како и на невладиниот сектор кој се занимава со сај-бер насилс -твата.
И уште еднаш на крајот: „Кој од вас не познава ниту еден околу себе со бугарски (или друг некој) пасош, нека фрли камен.“ Но, камен да фрли и кон политичарите, функционерите, спортистите, дипломатите. Или, нека си го задржи за себе“, рече Јанески.
Во својот најнов статус, тој ја коментираше имунизацијата против вирусот, откако пристигнаа 24.000 вакцини на АстраЗенека.
– Соодветен израз за имунизација на граѓан(к)ите во земјава со 24.000 вакцини може да биде само ,,масовно на цело село”.
А инаку не оваа среда, туку следниот петок до крајот на јануари 2021 ќе биде ,,масовна имунизација на населението”, напиша Јанески.
Фото: Јутјуб принсткрин, Инстаграм принтскрин