Министерот за здравство Венко Филипче се огласи на социјалните мрежи со пораки дека вакцината на „Астра Зенека“ е безбедна за лицата што се вакцинираат од утрово (над 77 години):
-Информациите од регулаторните тела од Германија и Канада од вчера се дека оваа вакцина привремено ќе ја користат само кај популација постара од 60 години. Исклучително ретки случаи на посериозни тромботични несакани ефекти од ‘Астра Зенека’ засега се појавиле само кај помладите од 60 години.
Статистички, само 1 случај на 125 000 вакцинирани до 1 на 1 милион вакцинирани појавил вакви ефекти, што значи дека нема простор за никаква паника. Заради претпазливост, бидејќи сакаме да сме сигурни, засега нема да почнеме со вакцинација на помлади граѓани од 60 години со оваа вакцина до следните конкретни препораки од регулаторите и производителите“, потенцира Филипче.
На состанок денес, со Комисијата за безбедност во Агенцијата за лекови МАЛМЕД ќе се разговара за да евентуално да се обратат до Европската агенција за лекови (ЕМА) и директно до германското Министерство за здравство за да добијат повеќе информации.
Министерот проговори и за имунизираните во Србија, со напомена дека тие не треба да прават ништо превентивно. Еве го целото обраќање на министерот Венко Филипче:
„Вакцината на Астра Зенека е безбедна за возрасните групи граѓани со кои денеска ја започнавме вакцинацијата. Сите граѓаните над 77 години се пријавиле слободно да се вакцинираат, кај нив не се забележани негативни ефекти.
Информациите од регулаторните тела од Германија и Канада од вчера се дека оваа вакцина привремено ќе ја користат само кај популација постара од 60 години.
Исклучително ретки случаи на посериозни тромботични несакани ефекти од Астра зенека засега се појавиле само кај помладите од 60 години.
Статистички, само 1 случај на 125.000 вакцинирани до 1 на 1 милион вакцинирани појавиле вакви ефекти што значи дека нема простор за никаква пан ика.
Заради предострожност бидејќи сакаме да сме сигурни, засега нема да почнеме со вакцинација на помлади граѓани од 60 години со оваа вакцина до следните конкретни препораки од регулаторите и производителите.
Денеска имаме закажани состаноци со Комисијата за безбедност во Агенцијата за лекови Малмед, со коишто сакаме да размениме соодветни информации евентуално да се обратиме до Европската Агенција за Лекови и директно до Германското Министерство за здравство по што ќе имаме повеќе информации.
Граѓаните кои веќе ја примиле вакцината во Србија не треба ништо превентивно засега да прават. Сериозни компликации се исклучително ретки како што веќе кажав и кај нив исто така нема простор за паника.
Сите граѓани кои примија една доза вакцина ќе бидат и ревакцинирани, согласно препораките кои ги очекуваме во следниот период.
Кај нас досега има регистрирано досега еден случај на девојка којашто има 28 години и таа од вчера се наоѓа на болничко лекување со тромботичен ефект којшто се поврзува со примање на една доза на вакцината Астра Зенека.
Верувам дека ќе се потврди уште еднаш дека бенефитот од вакцината бидејќи ризикот да се заболи од тешка форма на ковид е многу поголем од ризикот да се добие таква компликација од самата вакцина.“