Едно од најспектакуларните запросувања кај нас направи Димитар Андоновски, познатиот пејач од Битола кој претходно пееше во групата „Тајфата“.
Димитар тогаш докажа дека е еден од нашите најромантични пејачи. Пред пет ипол години, јавно, на концерт на Каролина Гочева, тој ја побара за жена својата тогашна девојка Христина.
„Ја сакам нејзината едноставност и скромност и едноставно уживам во секој миг со неа“, изјави Димитар за својата Христина.
Тој и Христина во август во 2015 година ја крунисаа својата љубов со брак, a во октомври истата година направија свадба за паметење, на која тој запеа и ѝ посвети песна.
На свадбата запејаа многу пријатели од естрадата на Димитар. Во 2017, на Христина која е од Прилеп, и битолчанецот Димитар им се роди синот Михаил.
Димитар е горд на својот син за кој вели дека има музички талент.
„Среќен сум што ја имам Христина за жена затоа што во денешното модерно време кога сите вредности се изгубени реткост е, но и и дар од Бог да имаш вистински човек покрај себе.
Му Благодарам на Бога што ни го подари најпрекрасниот син на светов“, додаде пејачот.
Димитар е секогаш романтично расположен, а тоа го покажа и со еден статус посветен на сопругата.
„Не можеш да замислиш колку ми помогна да станам подобра личност, и добар татко и маж. Ти си мојата мотивација да се борам секој ден“, напиша Димитар.
Во својата нова објава, тој ѝ го честита роденденот на својата сакана со многу љубов.„Му благодарам на Бог што си мојата радост, мојата поддршка, мојата најголема љубов.
Среќен роденден среќо моја, да ми си здрава и жива и дај Боже да му се радуваме на животот и да остариме заедно“, напиша пејачот. Тој е многу религиозен, и често оди во манаситрот Свети Јован Бигорски.
– Мојата првата посета во манстирите Св.Јован Крстител-Бигорски“ и Св.Георгиј во Рајчица беше случајна, по иницијатива на мојот драг колега Ламбе Алабаковски. Тој често беше присутен таму. Речиси секој викенд преноќуваше во Бигорскиот манастир“, изјави Андоновски во интервју за Женски магазин.
Тој раскажа дека на почетокот се прашувал што е она што Ламбе го влече во Рајчица. „И така, на ден Крстовден 2011 година се одлучив да тргнам со Ламбе на манастирската слава во манастирот Св.Георгиј во Рајчица.
На тој ден за прв пат се запознав и со отецот Партениј кој не покани да останеме на вечерно бдение за празникот. Така започна се. После ова бдение се разгори уште посилно желбата кон Бог.
Денес Бигорскиот манастир е мојот втор дом, отецот е мојот духовен Татко, а братството и сестринството се мојата фамилија“, објасни Димитар и раскажа дека манастирскиот мир многу му помага. Димитар во една прилика има изјавено дека како многу мал, тој и неговата сестра го загубиле својот татко.
– Загубата на мојот татко беше голема загуба на моето семејство. Јас бев дете и нормално ми беше многу тешко затоа што чуствував голема потреба за неговото присуство.
Но, благодарен и сум на мојата мајка Гордана која што се постави како столб на семејството и во различни ситуации беше и татко и мајка. Таа не научи како да се бориме во животот и не воспита во луѓе со кои што верувам дека се гордее денес.
И после толку години се уште е доста болна и за мене и за целата фамилија. Би сакал старите рани од минатото да ги оставам таму некаде и да не се сеќавам на нив веќе“, рекол Димитар во едно интервју претходно во Женски магазин. Во истиот медиум, тој објасни колку многу сега му значи Отец Партениј.
-Сметам дека со неговите залагања за да го заживее овој крај, Отец Партениј помагајќи ги материјално и духовно жителите во крајов, ја промовира и уникатната мијачка култура на овој живописен и за нашата татковина културно –историски многу значаен предел.
Приватно го викам татко и кога му се обраќам тоа го правам со голема почит и љубов кон него. Тој буквално е мојата замена за татко како мој духовен водач“, рече Андоновски.
Фото: Фејсбук принтскрин, Јутјуб принтскрин, Freepic