Србите ќе одат да се бањаат во Грција поминувајќи низ Македонија, а ние?

0

Како се приближуваат летните одмори, така повторно како и лани, се поставува прашањето какви ќе бидат протоколите и кој ќе може да оди кај нашиот јужен сосед на летен одмор.

За Србите да влезат во Грција оваа година, нема да биде важно со која вакцина се вакцинирани и тие ќе можат да ја преминат границата со ПЦР тест. Граѓаните на Србија ќе можат да патуваат на одмор во Грција со потврда дека биле вакцинирани со која било вакцина.

Ова беше договорено денес на состанокот меѓу министерот за туризам на Грција, Харис Теокарис и министерката за трговија и туризам на Србија, Татјана Матиќ.

Кога станува збор за децата, Теохарис рече дека на децата до 10 години не им треба вакцина или тест за ПЦР, додека на постарите од 10 години им е потребен негативен тест. По состанокот беше објавено дека граѓаните на Србија ќе можат да одат во Грција кон средината на април, односно да очекуваат тогаш да се отворат границите, пишува mondo.rs.

Исто така, граѓаните на Србија ќе можат да влезат во таа земја преку Македонија и Бугарија. За да не создаде гужви на грчките граници во текот на летото, Теохарис најави дека, покрај граничниот премин со Бугарија, неговата земја ќе отвори уште два гранични премини со Северна Македонија за пристигнување на туристи од Србија.

Грчкиот министер исто така најави дека Грција ќе започне со вакцинирање на сите свои работници од туристичкиот сектор во мај, така што здравствената безбедност ќе биде меѓусебна.

Тој посочи дека вакцинацијата оди добро во Грција, дека тие имаат околу 1.000 центри за вакцинација во земјата, но дека сè уште не води во светот и Европа по бројот на вакцинирани лица како Србија.

Министрите Матиќ и Теохарис денеска во Белград потпишаа заедничка изјава за соработка меѓу двете министерства за време и по пандемијата на вирусот корона, со што, како што рекоа, се официјализираше заедничкиот интерес за одржување на туристичкиот сектор и покрај здравствената криза.

Матиќ најави дека во наредниот период ќе биде потпишан посебен меморандум со грчкото Министерство за дигитална администрација за признавање на нашите дигитални сертификати и сертификати за вакцинација или негативни тестови.

Тоа е за србите, но што ќе правиме ние? Дали и ние ова лето ќе можеме да одиме на одмор во Грција, особено оние кои ќе бидат имунизирани?

-Што се однесува до преговорите со Грција, ние директно не преговараме со грчката влада, имајќи во предвид дека интерес на секоја држава е да поттикне што повеќе туристи кај себе, односно во Северна Македонија, како што е целта на Министерството за економија.

За тоа ќе продолжиме да спроведуваме мерки за поттикнување на странските туристи, но и нашите домашни туристи да ги посетат нашите туристички дестинации- изјави министерот за економија Крешник Бенктеши, под чија надлежност е туризмот, откако денес Србија и Грција се договорија српските туристи да можат да влезат во Грција, со потврда за вакцина, или пак со негативен тест, а пренесува Фокус.

Веста дека нашата Влада не размислува да преговара со соседна Грција, со цел нашите граѓани да можат да патуваат и да летуваат таму претстојната сезона, наиде на револт од страна на јавноста.

Омилената дестинација на огромен број на наши туристи, според ставот на Бенктеши, најверојатно ќе остане недостижна и ова лето, а голем број на туристички агенции од земјава реагираат и бараат преиспитување на оваа одлука.

На социјалните мрежи исто така има низа на реакции од граѓаните, по повод ставот на министерот Бенктеши. Актуелни се коментарите дека домашните туристи свесно ќе бидат оставени без избор, а пак оние со подлабок џеб, кои сепак ќе решат да летуваат надвор од земјава, и без Грција ќе најдат начин да летуваат на море, на дестинации кои се повеќекратно поскапи, како што е случајот со Сејшели, Малдиви, Мексико, Дубаи, Катар…

Се апелира да се постигне договор со Грција, која важи за примамлива, но и дестинација со достапна цена за нашиот стандард, потсетувајќи дека не секој граѓанин може да си дозволи летување во Дубаи или пак Мексико.

Претходна статијаЌерката на Исидора Бјелица за првпат се јави по загубата на мајката, раскажа лична приказна
Следна статијаАнтониа на „тресење“, се пофали со необично селфи (ФОТО)